Потпечена брокула со сос од домати

Potpecena brokula so sos od domati-Recept-bellakujna

Задоволство за сите љубители на зеленчук и оние кои сакаат да станат едни од нив.

Дали би сакале да го изненадите вашето семејство со нов оброк или да избегате од досадата и да ги изненадите вашите најблиски? Затоа би сакала да ве запознаам со тепсија во малку поинаква комбинација. Комбинација во која треба да се заљубите.

Како и секогаш, малку информации за почеток.

Potpecena brokula so sos od domati-Prilog-bellakujna

Брокула – крал на зеленчукот

Кралот на зеленчукот има малку калории, но многу вредни витални материи. 100 грама брокула содржи само 34 килокалории, но три грама квалитетни протеини и 2,7 грама корисни влакна. 65 грама брокула ја покриваат дневната потреба за витамин Ц на возрасен.

Повеќе информации можете да најдете во постот Брокула – зелен природен лек. Големата разновидност на брокулата би сакала да ја претставам во рецептите: Брокула со пржен зеленчук и сусам и Плескавици од брокула на грил тостер.

Potpecena brokula so sos od domati-Musaka-bellakujna

Моќните домати

Во принцип, свежиот зеленчук се претпочита од готови производи како дел од здравата исхрана. Сепак, постои еден исклучок од ова правило, а тоа се преработените домати. Има многу ликопен во овие претежно цедени домати, дури и повеќе отколку во свежите домати. Затоа, конзервираните домати се сметаат за здрави и можат да се користат без двоумење.

Што се однесува до еден од моите омилени зеленчуци, можам само да ве потсетам на прекрасните рецепти: Мармалад од домати со портокал и Домати и моцарела на скара.

Лукот и неговите лековити својства

Одамна не ви дадов информации за лукот, време е да се надополниме.

Алицинот има благ ефект на разредување на крвта и намалување на крвниот притисок. Ова штити од тромбоза, кардиоваскуларни болести и мозочен удар. Пред сè, Алицинот се бори со вируси, бактерии и габи. Затоа лукот е познат и како природен антибиотик.

Potpecena brokula so sos od domati-Glavni jadenja-bellakujna

Едни од моите омилени рецепти кои вклучуваат лук се: Макарони-Јуфки со сос од тиква и лук и Дип од моркови и лук.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.

Рецепт


Potpecena brokula so sos od domati-Recept-bellakujna

Потпечена брокула со сос од домати

Задоволство за сите љубители на зеленчук и оние кои сакаат да станат едни од нив.
Припрема 25 minutes
Печење 25 minutes
Вкупно 50 minutes
Порции 4 Порции
Калории за 1 Порција 374.4

Состојки
  

  • 500 гр брокула
  • 350 гр сос од домати (арабијата)
  • 1 кромид
  • 1-2 чешниња лук
  • 200 гр крем сирење
  • 200 гр крем за готвење (неутрален)
  • 150 гр кашкавал (рендан)
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка бибер (свежо мелен)
  • 2 лажички вегета
  • 2 лажици маслиново масло за пржење

Подготовка
 

  • Измијте ја брокулата и поделете ја на цветчиња, а дршката исечкајте ја на помали парчиња. Прокувајте ја подготвената брокула 5 минути, по можност на пареа.
    500 гр брокула
  • Излупете ги кромидот и лукот и исечете ги на мали коцки.
    1 кромид, 1-2 чешниња лук
  • Во тава пропржете го кромидот со маслото, кога кромидот ќе почне да станува прозирен, додадете го лукот и пропржете уште малку.
    1 кромид, 2 лажици маслиново масло за пржење, 1-2 чешниња лук
  • Додадете го доматниот сос во тавата, измешајте и зачинете со половина сол, бибер и вегета.
    350 гр сос од домати
  • Во сад ставете ги кремот за готвење, крем сирењето и останатите зачини и се измешајте во хомогена маса.
    200 гр крем сирење, 200 гр крем за готвење
  • Загрејте ја рерната на 220°C (рерна со вентилација 200°C).
  • Ставете го доматниот сос во тавче и прво распоредете ги дршките од брокула.
  • Одозгора ставете ги цветчињата брокула.
  • Прелијте го зеленчукот рамномерно со сосот од крем сирење.
  • Одозгора посипете го ренданиот кашкавал.
    150 гр кашкавал
  • Ставете ја тепсијата во загреана рерна и печете 25 до 30 минути.
  • Кога ќе истече времето, извадете ја златно-кафеавата тепсија од рерна, наредете и послужете. Количината на јадењето е доволна за 4 лица како прилог или за 2 лица како прекрасно главно јадење.
    Potpecena brokula so sos od domati-Serviranje-bellakujna
Јадење Главни Јадења, Прилози
Потекло Германско, Македонско

Информации за исхрана

Нутритивни факти
Потпечена брокула со сос од домати
Количина по порција
Калории
374.4
% Дневна вредност*
Масти
 
24.2
g
37
%
Јаглехидрати
 
15.8
g
5
%
Протеини
 
21.2
g
42
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.
Дали сте го пробале рецептот?Споменете го @bellakujna или користете го хаштагот #bellakujna!

На семејството му послужувате многу вкусна тепсија полна со здрави состојки во симпатична комбинација.

Potpecena brokula so sos od domati-Vegetarijansko-bellakujna

Добар апетит и забавувајте се испробувајќи го овој рецепт!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам уште соодветни идеи на рецепти за вас:

  1. Дип со брокула и сусам
  2. Пржена келераба на медитерански стил
  3. Салата со шпагети на медитерански стил
  4. Макарони во сос од топено сирење
  5. Мусака од тиквички на бабин начин

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.