Домати и моцарела на скара

Омилено јадење на многу луѓе во сосема поинаква форма.

Домати и моцарела многу добро позната комбинација, исклучително популарна и неверојатно вкусна. Кој не ја сака оваа прекрасна салата, која се нуди и како Инсалата Капрезе.

Салата од домати и моцарела

Пред некој ден сопругот изрази желба да направe пак скара (но некако оваа желба ја има секој ден 😉). Во суштина и мене ми се допадна неговата идеа, а и желбата за нов рецепт беше уште попримамлива. Сакав да направам нешто вкусно и да ги изненадам моите момци. Ги видов моцарелата и доматите во фрижидер и веднаш помислив дека можам да искомбинирам еден добар и едноставен рецепт за на скара. Идеата беше одлична, а и успешна.

Сега би сакалa да ви го претставам извонредниот резултат.

Колку се здрави моцарелата и доматите?

Доматите се малку калорични и полни со фитохемикалии како што е ликопен, кој може да заштити од рак, а моцарелата е полна со маснотии, но затоа содржи калциум и многу протеини. Таа ве заситува и ве обезбедува со витамин Б2 (рибофлавин). Витаминот Б2 игра важна улога во градењето на мускулите, во формирањето на хормони против стрес, за тироидната жлезда, очите и острината на видот, како и за нега на кожата.

Но, ајде сега конечно да дојдеме до рецептот.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Домати и моцарела на скара

Омилено јадење на многу луѓе во сосема поинаква форма, со одличен вкус и голем ефект на изненадување.
Сподели
Припрема 10 minutes
Печење 10 minutes
Вкупно 20 minutes
Порции: 2 Порции
Јадење: Прилози
Потекло: Германија, Медитеранско
Калории: 233.3kcal

Состојки
  

  • 3-4 домати (мали)
  • 2 моцарели
  • 6-8 листови од босилек
  • 1-2 лажички зачинета сол за моцарела и домати (алтернативно сол)
  • 2 лажици маслиново масло

Подготовка
 

  1. Измијте ги доматите и исечете ги на парчиња дебели 2-3 мм.
    3-4 домати
  2. Исечете ја и моцарелата на парчиња со дебелина од 2-3 мм.
    2 моцарели
  3. Во мал сад за печење (јас користам земјени форми за ова) посипете малку масло, ставете ги двете состојки странично една до друга (како ќерамидите на покривот).
  4. Посипете ги состојките со зачинетата сол и прелијте малку маслиново масло.
    1-2 лажички зачинета сол за моцарела и домати, 2 лажици маслиново масло
  5. Ставете ги двата сада на топла скара и печете околу 10 минути.
  6. Тргнете ги формите со превкусното јадење од скарата, посипете ги со листови од босилек и послужете.

Нутриент

Нутритивни факти
Домати и моцарела на скара
Количина по порција
Калории
233.3
% Дневна вредност*
Масти
 
19.4
g
30
%
Јаглехидрати
 
1.9
g
1
%
Протеини
 
12.5
g
25
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Video

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

Вие му сервирате на семејството прекрасен прилог со одличен вкус.

Добар апетит и забавувајте се испробувајќи го овој рецепт!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

  1. Дип со брокула и сусам
  2. Салата од стебленца од целер на медитерански стил
  3. Дип од моркови и лук
  4. Намаз од модар патлиџан
  5. Ќофтиња со соленки

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.