Пресолена храна – прва помош

Presolena hrana-Prva pomos-Titel-bellakujna

Ако оброкот ви е пресолен и семејството чека вкусен оброк, тогаш има неколку мали мерки за прва помош што можеме да ви ги откриеме овде.

Прeсолена храна – прва помош

Тоа се случува изненадно: сакате да ја зачините храната уште малку и одеднаш целата содржина од дозата за сол, вклучувајќи го и капачето, е во супата или преку зеленчукот.

Сега започнува најбрзата акција на денот.

– Најпрво обидете се со лажица да ја отстраните видливата сол од храната. Кај супите не треба да правите брзи движења за солта да не се рашири уште повеќе. Кај шницли, пилешки стекови или слично можете брзо да ја отстранете со истресување.

– Ако тоа не е доволно, спасете ја храната со малку мед. Медот ја прави храната послатка, а солениот вкус исчезнува. Кај супите и салатите спасувањето со мед можете да го продадете и како намерно зачинето 😉. Ако храната е премногу слатка по употребаta на мед, ке ви помогне малку сок од лимета или лимон.

– Алтернативно, можете да користите и храна која ја врзува солта. А тоа вклучува леб, моркови, суви сливи и компири. Во јадењето ставете големи парчиња од нив и заедно варете. Извадете ги пред сервирање.

Presolena hrana-Prva pomos-Soveti-bellakujna

Пресолена храна – последно спасување

Буквално последното средство е повторно готвење. Ако горенаведените помагала не можат да се користат од било која причина, тогаш повторно згответе ја истата храна: Без сол. Измешајте ги двете јадења и се е во ред. Семејството ќе се радува на дупла порција 😉. На пример, со Крем супа од тиква и ореви или Kрем супа од зеленчук ала мама никој нема да се пожали на двојна порција.

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.