Kрем супа од зеленчук ала мама

Одличен вкус и голема разновидност на ароми.

Есента и зимата имаат една заедничка работа: тоа е време на превкусни супи, што го загреваат и телото и душата, па така што овие две годишни времиња со право може да се наречат и период на супа.

Во ова време од годината вообичаено се готват супи и манџи со интензивен вкус. Притоа сосема нормално се наметнува прашањето: “Што е супа, а што манџа?” Како што може да претпоставите  тенка е границата. На крајот на краиштата, тоа се сведува на фактот дали се додаваат течности или пак состојки во цврсти материи.

Кај крем супите недвосмислено е дека станува збор за супи! Крем супите се всушност погусти супи, чијшто вкус го комплетираат или кремот за готвење или путерот.

Јас и претходно во повеќе наврати споменав дека мајка ми е одлична готвачка, којашто со многу љубов сеуште готви за своето семејство. Дури и сега во поодминати години, таа создаде нов рецепт, што сакам денес да Ви го претставам. Ти благодарам мамо!

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Kрем супа од зеленчук ала мама

Гурманска крем супа со одлична конзистенција и извонреден вкус.
Сподели
Припрема 1 hour
Вкупно 1 hour
Порции: 4 Порции
Јадење: Суппи
Потекло: Македонија
Калории: 209.8kcal

Состојки
  

  • 300 г мешан зеленчук (грашок, моркови, пченка, органски)
  • 120 г праз
  • 50 г целер
  • 1 пиперка (мала, црвена)
  • 3 чешниња лук
  • 1 кромид
  • 50 г сланина (исечкана на коцки)
  • 100 мл крем за готвење (неутрален)
  • 3 лажици магдонос (исечкан)
  • 1000 мл врела вода
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка бибер (свежо мелен)
  • 1 лажичка вегета

Подготовка
 

  1. Измијте го празот и исечете го на мали парчиња.
    120 г праз
  2. Измијте ја пиперката, исечете ја на половина, извадете ги семките и исечете ја на ситни парчиња.
    1 пиперка
  3. Излупете го кромидот и исечете ги на мали коцки.
    1 кромид
  4. Излупете ги чешнињата лук и исечете ги на парчиња.
    3 чешниња лук
  5. Измијте го магдоносот, истребете го и исечкајте го.
    3 лажици магдонос
  6. Измијте го целерот, извлечете ги конците и исечете го на мали парчиња. Или, како што направив, извадете го од замрзнувачот.
    50 г целер
  7. Ставете ја мешавината од зеленчук, празот, пиперката и водата во тенџере за супа. Оставете ги состојките да зовријат и потоа нека вријат на тивок оган 20-30 минути. Малку побрзо е во експрес лонец.
    300 г мешан зеленчук, 120 г праз, 1 пиперка, 1000 мл врела вода
  8. Во тава ставете ја сланината со кромидот и пропржете ги. Кога кромидот ќе почне да се станува стаклест, додадете лук и пропржете уште неколку минути.
    1 кромид, 50 г сланина, 3 чешниња лук
  9. Тргнете ја тавата од оган.
  10. Кога зеленчукот ќе се свари, додадете ја мешавина од сланина, кромид и лук и промешајте сѐ заедно.
  11. Со рачен миксер за пирирање, пирирајте ја смесата сѐ додека не добиете крем супа.
  12. Зачинете со сол, бибер и вегета. Додадете го магдоносот.
    ½ лажичка сол, 1 лажичка бибер, 1 лажичка вегета, 3 лажици магдонос
  13. Додадете го кремот за готвење во супата и добро промешајте.
    100 мл крем за готвење
  14. Декорирајте и послужете ја превкусната крем супа.

Нутриент

Нутритивни факти
Kрем супа од зеленчук ала мама
Количина по порција
Калории
209.8
% Дневна вредност*
Масти
 
11
g
17
%
Јаглехидрати
 
16
g
5
%
Протеини
 
7.8
g
16
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

  1. За оние коишто претпочитаат вегетаријанска варијанта, едноставно изоставете ја сланината.
  2. Мешавината од органски зеленчук што ја користев  може да се најде по маркетите и на пазарите. Секако дека може да употребите и било каква друга мешавина.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

На Вашето семејството ќе му сервирате гурманска супа од зеленчук со извонреден вкус.

Уживајте при готвењето и добар апетит!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

  1. Њоки со пржена тиква
  2. Ќофтиња со соленки
  3. Потпечени тиквички со фил од шпагети
  4. МакарониЈуфки со сос од тиква и лук
  5. Брокула со пржен зеленчук и сусам

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.