Чоколадни sвезди со крем од кикиритки

Cokoladni zvezdi so krem od kikiritki-Recept-bellakujna

Мало засладување со грандиозен вкус.

„За тебе ќе ги симнам sвездите од небо!“ Многу мажи веќе ѝ го кажале ова на својата сакана, но што биднало од тоа? Ах, скалите биле прекрати 😉. Шегата настрана, денес сакам да Ви ги претставам чоколадните sвезди, што за жал самите треба да ги испечеме.

Cokoladni zvezdi so krem od kikiritki-Bozikni kolaci-bellakujna

Покрај вообичаените состојки што се користат за тестото за божиќни колачиња како што се: брашно, путер и јајца, во мојот рецепт додадов какао и крем од кикиритки. За овие две состојки сакам да Ви дадам на кратко неколку информации пред да преминам на рецептот.

Колку е здраво какаото?

Какаото има антивоспалително дејство и со тоа ја потпомага работата на нашиот имун систем. Какаото ја стимулира работата на мозокот и ја подобрува меморијата. Освен тоа го стабилизира нивото на шеќер во крвта и може да влијае во намалување на крвниот притисок. Какакото содржи антиоксиданси во големи количини како и калциум и фосфор, што се од значење за срцето, коските и крвните садови. Значи, какаото е многу здраво и затоа треба редовно да уживате во него. А впрочем и не треба да Ви кажувам колку е вкусно!

Cokoladni zvezdi so krem od kikiritki-Keksi-bellakujna

Зошто кикиритките се здрави.

Кикиритките не само што се вкусни, туку се богати и со растителни протеини, здрави масти и други хранливи материи што се корисни за здравјето. Фактот дека 100 г кикиритки содржат 25 г протеини допринесува тие да котираат високо на листата на прехранбени производи богати со протеини.

Покрај големата количина на протеини, кикиритките се здрави бидејќи содржат важни минерали како железо, фосфор, калиум, калциум и магнезиум, како и витамин Е.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Cokoladni zvezdi so krem od kikiritki-Recept-bellakujna

Чоколадни sвезди со крем од кикиритки

Чоколадни sвезди со крем од кикирики, превкусни божиќни колачиња со вкус на какао и суптилна арома на кикирики.
Сподели
Припрема 30 minutes
Печење 30 minutes
Вкупно 1 hour
Порции: 40 Колачиња
Јадење: Кекси, Колачиња
Потекло: Германија
Калории: 80.3kcal

Состојки
  

  • 300 гр брашно (тип 550)
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 150 гр суров шеќер од трска (како алтернатива може и бел шеќер)
  • 1 лажичка бурбон ванила (свежо мелена, како алтернатива може и една мешунка ванила или едно пакетче ванилин шеќер)
  • 1 јајце (класа М)
  • 150 гр путер (на собна температура)
  • 50 гр крем од кикирики
  • 1 лажица какао

Подготовка
 

  1. Низ сито сипете го брашното, прашокот за пециво и какаото во сад.
    300 гр брашно, 1 лажичка прашок за пециво, 1 лажица какао
  2. Додадете го јајцето, ванилата, путерот, шеќерот и кремот од кикирики и измесете сè заедно додека не добиете хомогено тесто.
    150 гр суров шеќер од трска, 1 лажичка бурбон ванила, 1 јајце, 50 гр крем од кикирики, 150 гр путер
  3. Завиткајте го готовото тесто во парче кујнска фолија и ставете го во фрижидер еден час.
  4. Пред да го извадете тестото од фрижидер, загрејте ја рерната на 180°C.
  5. Извадете го тестото од фрижидер и расукајте го на работната маса помеѓу две кујнски фолии, притоа внимавајте да има подеднаква дебелина.
  6. Со помош на калапот за колачиња исечете sвезди.
  7. Наредете ги колачињата во форма на sвезда на плех обложен со хартија за печење.
  8. Кога плехот ќе биде целосно полн ставете го во рерна да се пече 15 минути.
  9. После 15 минути извадете ги колачињата, што прекрасно мирисаат од рерна и оставете ги малку да се оладат пред да ги украсите.
  10. За декорација користев течен чоколаден прелив и течна глазура од лимон, меѓутоа фантазијата не познава граници.
  11. Наредете ги вкусните колачиња, послужете и уживајте во нив заедно со шолја кафе или чај.
    Cokoladni zvezdi so krem od kikiritki-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Чоколадни sвезди со крем од кикиритки
Количина по порција
Калории
80.3
% Дневна вредност*
Масти
 
4
g
6
%
Јаглехидрати
 
9.6
g
3
%
Протеини
 
1.2
g
2
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

Што може да направите со изгребан мешун од ванила? Одговорот е едноставен – ванилин шеќер. Земете стара тегла од мармалад со капак и истурете шеќер во неа. Исечете го парчето ванила на 3-4 дела и го ставате во теглата, затворете го и по една до две недели имате ванилин шеќер. Одличен начин за искористување на остатоци.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

На семејството ќе му сервирате божиќни колачиња со одличен вкус на какао и кикирики.

Cokoladni zvezdi so krem od kikiritki-Kolaci-bellakujna

Добар апетит и уживајте во печењето на следната тура!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.