Go Back
–+ servings
Cokoladni zvezdi so krem od kikiritki-Recept-bellakujna

Чоколадни sвезди со крем од кикиритки

Чоколадни sвезди со крем од кикирики, превкусни божиќни колачиња со вкус на какао и суптилна арома на кикирики.
Сподели
Припрема 30 minutes
Печење 30 minutes
Вкупно 1 hour
Порции: 40 Колачиња
Јадење: Кекси, Колачиња
Потекло: Германија
Калории: 80.3kcal

Состојки
  

  • 300 гр брашно (тип 550)
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 150 гр суров шеќер од трска (како алтернатива може и бел шеќер)
  • 1 лажичка бурбон ванила (свежо мелена, како алтернатива може и една мешунка ванила или едно пакетче ванилин шеќер)
  • 1 јајце (класа М)
  • 150 гр путер (на собна температура)
  • 50 гр крем од кикирики
  • 1 лажица какао

Подготовка
 

  1. Низ сито сипете го брашното, прашокот за пециво и какаото во сад.
    300 гр брашно, 1 лажичка прашок за пециво, 1 лажица какао
  2. Додадете го јајцето, ванилата, путерот, шеќерот и кремот од кикирики и измесете сè заедно додека не добиете хомогено тесто.
    150 гр суров шеќер од трска, 1 лажичка бурбон ванила, 1 јајце, 50 гр крем од кикирики, 150 гр путер
  3. Завиткајте го готовото тесто во парче кујнска фолија и ставете го во фрижидер еден час.
  4. Пред да го извадете тестото од фрижидер, загрејте ја рерната на 180°C.
  5. Извадете го тестото од фрижидер и расукајте го на работната маса помеѓу две кујнски фолии, притоа внимавајте да има подеднаква дебелина.
  6. Со помош на калапот за колачиња исечете sвезди.
  7. Наредете ги колачињата во форма на sвезда на плех обложен со хартија за печење.
  8. Кога плехот ќе биде целосно полн ставете го во рерна да се пече 15 минути.
  9. После 15 минути извадете ги колачињата, што прекрасно мирисаат од рерна и оставете ги малку да се оладат пред да ги украсите.
  10. За декорација користев течен чоколаден прелив и течна глазура од лимон, меѓутоа фантазијата не познава граници.
  11. Наредете ги вкусните колачиња, послужете и уживајте во нив заедно со шолја кафе или чај.
    Cokoladni zvezdi so krem od kikiritki-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Чоколадни sвезди со крем од кикиритки
Количина по порција
Калории
80.3
% Дневна вредност*
Масти
 
4
g
6
%
Јаглехидрати
 
9.6
g
3
%
Протеини
 
1.2
g
2
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

Што може да направите со изгребан мешун од ванила? Одговорот е едноставен - ванилин шеќер. Земете стара тегла од мармалад со капак и истурете шеќер во неа. Исечете го парчето ванила на 3-4 дела и го ставате во теглата, затворете го и по една до две недели имате ванилин шеќер. Одличен начин за искористување на остатоци.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!