Меко лиснато тесто со компот од слатки цреши.
Витаминска бомба со малку калории 😉 спакувана во крцкаво лиснато тесто, тоа е мојот рецепт за денес.

Кај нас дома сите буквално обожаваме цреши затоа што црешите не само што се слатки и многу вкусни, туку се и многу здрави.
Цреши
Црешите се едноставно вистинско засладување за време на летниот период. Тие се особено богати со фитохемикалии, имаат улога во неутрализирање на слободните радикали, помагаат при воспаленија и може да бидат корисни при болести како што се висок крвен притисок и гихт.

За да ги изненадам моите „љубители на цреши“ дома решив да ги им приготвам торта од лиснато тесто.
Информации за состојките
За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.
Рецепт
Состојки
Подготовка
- Исцедете го сокот од лиметата.1 лимета

- Измијте ги црешите и оставете 50-100 г настрана (за декорација).800 г цреши
- Од преостанатите цреши отстранете ја дршката, исечете ги на половина и извадете ги семките.
- Ставете 2 лажици кокосов шеќер во голема тава, додадете ги исцедените цреши и оставете ги да се карамелизираат. Додадете го сокот од цреши, сокот од лимета и оставете ја смесата што наликува на компот да крчка 5-10 минути. Кога течноста ќе испари, тргнете ја тавата од оган и оставете ја смесата да се олади.2 лажици кокосов шеќер, 100 мл сок од цреши

- Изматете го кремот за готвење заедно со зацврстувачот се додека смесата не се згусне и потоа ставете ја во фрижидер.500 мл крем за готвење, 2 пакетчиња зацврстувач на крем

- Расукајте го лиснатото тесто и исечете кружна плоча. Јас користев калап за печење со дијаметар од 24 цм. Ставете го превртениот калап врз лиснатото тесто и исечете го со нож во форма на круг.

- Исечете го преостанатото тесто право. Ставете ги двете преостанати прави парчиња едно до друго, така што ќе се преклопуваат приближно 1 см и од нив исечете ја третата тркалезна кора.

- Тогаш ќе Ви останат уште неколку парчиња, што ќе треба да ги расукате и од нив ќе ја направите 4-тата кора.

- Од две пакувања лиснато тесто се добиваат 4 тркалезни кори.
- Загрејте ја рерната на 180°C (со вентилација 160°C).
- Напрашете една од корите со една лажица кокосов шеќер и ставете ја во плех обложен со хартија за печење.2 лажици кокосов шеќер

- Премачкајте ги другите три кори со 2 лажици мармалад од кајсии и посипете врз секоја кора по една лажица сецкани бадеми. Ставете ги корите во друг плех за печење.200 г мармалад од кајсии, 3 лажици бадеми

- Потоа печете ги корите по 15 минути.
- Оставете ги испечените кори од лиснато тесто да се оладат.

- Кога ќе бидат оладени, започнува редењето.

- Ставете на првата кора (со мармалад) една четвртина од ладниот шлаг и една третина од компотот од цреши.

- Ставете ја врз неа втората кора (со мармалад) и исто така премачкајте ја со една четвртина од ладниот шлаг и една третина од компотот.
- Повторете ја истата постапка и со третата кора (со мармалад).

- На крај ставете ја одозгора и последната кора што беше третходно попрскана со кокосов шеќер премачкајте ја со остатокот од шлагот.

- Украсете ја тортата со црешите што ги оставивте на страна и послужете.

Нутриент
Нашиот Инстаграм
Заследете @bellakujna!На Вашето семејството ќе му сервирате прекрасна торта со свежи цреши, суптилна арома на карамела, сочно, крцкаво лиснато тесто со нота на зелен лимон.

Уживајте при готвењето и добар апетит!
Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:
- Чизкејк со мармалад од домати
- Тoртa од тиква со тестени трошки и кремаст пудинг од ванила
- Штрудла со извонреден фил од јаболки и марципан
- Торта од пудинг, кекс и банана
- Бомбици од тиква и лешници
Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.









Оставете Одговор