Исцедете го сокот од лиметата.
1 лимета
Измијте ги црешите и оставете 50-100 г настрана (за декорација).
800 г цреши
Од преостанатите цреши отстранете ја дршката, исечете ги на половина и извадете ги семките.
Ставете 2 лажици кокосов шеќер во голема тава, додадете ги исцедените цреши и оставете ги да се карамелизираат. Додадете го сокот од цреши, сокот од лимета и оставете ја смесата што наликува на компот да крчка 5-10 минути. Кога течноста ќе испари, тргнете ја тавата од оган и оставете ја смесата да се олади.
2 лажици кокосов шеќер, 100 мл сок од цреши
Изматете го кремот за готвење заедно со зацврстувачот се додека смесата не се згусне и потоа ставете ја во фрижидер.
500 мл крем за готвење, 2 пакетчиња зацврстувач на крем
Расукајте го лиснатото тесто и исечете кружна плоча. Јас користев калап за печење со дијаметар од 24 цм. Ставете го превртениот калап врз лиснатото тесто и исечете го со нож во форма на круг.
Исечете го преостанатото тесто право. Ставете ги двете преостанати прави парчиња едно до друго, така што ќе се преклопуваат приближно 1 см и од нив исечете ја третата тркалезна кора.
Тогаш ќе Ви останат уште неколку парчиња, што ќе треба да ги расукате и од нив ќе ја направите 4-тата кора.
Од две пакувања лиснато тесто се добиваат 4 тркалезни кори.
Загрејте ја рерната на 180°C (со вентилација 160°C).
Напрашете една од корите со една лажица кокосов шеќер и ставете ја во плех обложен со хартија за печење.
2 лажици кокосов шеќер
Премачкајте ги другите три кори со 2 лажици мармалад од кајсии и посипете врз секоја кора по една лажица сецкани бадеми. Ставете ги корите во друг плех за печење.
200 г мармалад од кајсии, 3 лажици бадеми
Потоа печете ги корите по 15 минути.
Оставете ги испечените кори од лиснато тесто да се оладат.
Кога ќе бидат оладени, започнува редењето.
Ставете на првата кора (со мармалад) една четвртина од ладниот шлаг и една третина од компотот од цреши.
Ставете ја врз неа втората кора (со мармалад) и исто така премачкајте ја со една четвртина од ладниот шлаг и една третина од компотот.
Повторете ја истата постапка и со третата кора (со мармалад).
На крај ставете ја одозгора и последната кора што беше третходно попрскана со кокосов шеќер премачкајте ја со остатокот од шлагот.
Украсете ја тортата со црешите што ги оставивте на страна и послужете.