Чили кон карне под хауба од пире

Популарно јадење во ново „пакување“.

На интернет можат да се најдат преку милион рецепти за едно јадење и ретко кое друго јадење може да се пофали со толку многу варијации. Јадењето за кое станува збор е чили кон карне.

Чили кон карне

Чили кон карне, често и само чили, е името на пикантното јадење, чиишто главни состојки се мелено месо и чили (лути) пиперчиња. Не се јасно утврдени ниту потеклото на името Чили кон карне, ниту пак потеклото на оригиналниот рецепт, а претпоставката е дека потекнува од јужниот дел на Северна Америка. Затоа денес јадењето се смета за дел од тексашко-мексиканската кујна. Како што е тоа случај и со многу други јадења, така и кога станува збор за чили кон карне постојат несогласувања во врска со потеклото, состојките, па дури и со начинот на пишување.

Денес сакам да Ви претставам една од моите варијации на Чили кон карне. Бидејќи начинот на презентирање на јадења со чили речиси секогаш е многу сличен, сакам да Ви прикажам една сосема нова варијанта.

Чили кон карне под хауба од пире. Со оваа варијација исто така се менува и вкусот на самото јадење. Лутото чили е покриено со слој од вкусно пире од компири и резултатот е уникатна разновидност на ароми и експлозија на вкусови во устата.

Едно од моите омилени јадења со кумин е оригилналниот деликатес Чили кон карне.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Чили кон карне под хауба од пире

Уникатно чили кон карне под кремаст слој од пире со златно-кафена боја и суптилна арома на кашкавал.
Сподели
Припрема 40 minutes
Печење 25 minutes
Вкупно 1 hour 5 minutes
Порции: 4 Порции
Јадење: Главни Јадења
Потекло: Мексиканско
Калории: 504.6kcal

Состојки
  

4 огноотпорни садови 13х13х6 см
За чилито
  • 250 гр мелено месо (мешано)
  • 2 црвени пиперки
  • 2 главици кромид
  • 2 моркови
  • 1-2 чили пиперчиња
  • 255 гр црвен грав (за чили, конзерва)
  • 140 гр пченка (конзерва)
  • 350 мл сос од домати
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажички вегета
  • 1 лажичка бибер (свежо мелен)
  • ½ лажичка сол
  • 2 лажички кумин
  • ½ китка магдонос
  • 100 мл вода (жешка)
  • масло за пржење
За пирето
  • 800 гр компири
  • 50 гр путер (собна температура)
  • 250 мл млеко (топло)
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка вегета
  • 1 лажичка бибер (свежо мелен)
  • 120 г кашкавал (рендан)

Подготовка
 

  1. Излупете ги компирите, исечете ги на мали парчиња и ставете ги да се варат.
    800 гр компири
  2. Измијте ги пиперките, извадете ги семките и исечете ги на мали парчиња. Исто така исечете ги ситно и чили пиперчињата.
    2 црвени пиперки, 1-2 чили пиперчиња
  3. Излупете ги морковите и кромидот и исечете ги на мали коцки. Излупете ги чешнињата лук и исечкајте ги ситно.
    2 главици кромид, 2 моркови, 2 чешниња лук
  4. Измијте го магдоносот и исечете го ситно.
    ½ китка магдонос
  5. Во тава со малку масло испржете ги пиперките, кромидот, чили пиперчињата и морковот. Додате го и исечканиот лук.
  6. Кога кромидот речиси ќе биде стаклест, додадете го меленото месо и испржете го со останатите состојки.
    250 гр мелено месо
  7. Исцедете ги гравот и пченката од конзерва, додадете ги во мешавината од месо и зеленчук и пржете сѐ заедно. Додадете ја жешката вода (100 мл).
    255 гр црвен грав, 140 гр пченка, 100 мл вода
  8. Во тавата додадете го сосот од домати и промешајте.
    350 мл сос од домати
  9. Додајте ги зачините, измешајте и оставете го да се пржат уште малку и пробајте.
    2 лажички вегета, ½ лажичка сол, 1 лажичка бибер, 2 лажички кумин
  10. Додате го ситно исечканиот магдонос, добро промешајте и тргнете ја тавата од оган.
    ½ китка магдонос
  11. Загрејте ја рерната на 220°C (рерна со вентилација 200°C).
  12. Во меѓувреме компирот е готов и спремен за приготвување на пире. Затоа на компирите додадете им путер, млеко и зачини и грубо изгмечете ги.
    50 гр путер, 250 мл млеко, 1 лажичка вегета, 1 лажичка бибер, ½ лажичка сол
  13. Премачкајте ги огноотпорните садови за печење со путер и наполнете четвртина од нив со мешавината од месо и зеленчук.
  14. Покријте ја смесата од чили со една четвртина од пирето и потоа посипете рендан кашкавал одозгора (30 гр.).
    120 г кашкавал
  15. Ставете ги садовите во загреана рерна и печете ги 20-25 минути.
  16. Кога ќе бидат готови, извадете ги од рерна и послужете.

Нутриент

Нутритивни факти
Чили кон карне под хауба од пире
Количина по порција
Калории
504.6
% Дневна вредност*
Масти
 
21.8
g
34
%
Јаглехидрати
 
49.6
g
17
%
Протеини
 
22.1
g
44
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

Може исто така да користите и само еден огноотпорен сад за печење.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

На Вашето семејството ќе му сервирате уникатно чили кон карне, вкусното  кремасто пире го прекрива пикантното чили кон карне.

Уживајте при готвењето и добар апетит!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

  1. Чили кон карне
  2. Брокула со пржен зеленчук и сусам
  3. Kрем супа од зеленчук ала мама
  4. Ќофтиња со соленки
  5. Полнети пиперки со бел грав

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.