Полнети пиперки со фил од прастаро време.
Постојат толку многу рецепти за полнети пиперки, а и јас веќе Ви претставив некоја моја варијанта. Верзијата на рецептот што би сакала да ви го претставам денес е многу стара. Баба ми во нејзино време има подготвувано вакви пиперки за нејзините најблиски.

Пиперките и гравот се значаен дел од македонската исхрана, бидејќи во Македонија тие се одгледуваат во големи количини и претставуваат основа за здрава исхрана.
Грав
Белиот грав е многу здрав, па дури и од конзерва и достапен е во текот на целата година. Тој го снабдува организмот со железо и протеини, ги јакне мускулите и нервите, ги штити цревата и е одличен за витка фигура. Сепак гравот има и еден мал недостаток – предизвикува гасови и подуеност.

Пиперки
Слично како и гравот и пиперките се многу здрави. Тие содржат бројни хранливи материи како што се на пр. фолати, калиум и растителни влакна, богати се со витамин Ц, го намалуваат ризикот од анемија, изобилуваат со антиоксиданси и позитивно влијаат на видот.
Значи постојат многу добри причини за да ги употребите овие две намирници заедно.
Информации за состојките
За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.
Рецепт
Состојки
Подготовка
- Можете да употребете и грав што сами ке го сварете. Гравот потопете го во вода од навечер (да одстое преку ноќ). Другиот ден фрлете ја водата и додадете нова вода. Сварете го гравот, меко.330 г бел грав

- Излупете го морковот и исечете го на мали парчиња. Излупете го кромидот и исечете ги на мали коцки. Излупете ги чешнињата лук и исечете ги на ситни парчиња.1 морков, 1 кромид, 2 чешниња лук

- Пиперчето пресечете го на пола, извадете ги семките и исечете го на ситни парчиња.1 пиперче

- Измијте го магдоносот и исечкајте го ситно.3 лажици магдонос

- Изрендајте го сирењето.130 г сирење

- Измијте ги пиперките, преполовете ги и извадете ги семките. Кога ги сечете на половина, исечете ја дршката на средина, за течност да не може да истече подоцна.2 пиперки

- Исцедете го гравот во цедалка, но не ја фрлајте течноста.
- Кромидот и морковот пропржете ги во тава со малку масло се додека кромидот не стане стаклест (жолтеникав).

- Потоа додадете го пиперчето и лукот и пропржете уште малку.

- Додадете ја сланината и пржете уште малку.100 г сланина

- Додадете го исцедениот грав и 200 мл вода во тавата и промешајте.

- Го додавате и брашното и промешувате.1 лажичка брашно

- Зачинете со сол, бибер и 1 лажичка вегета.½ лажичка сол, 1 лажичка бибер, 1 ½ лажичка вегета

- Додајте го магдоносот и добро измешајте. Тргнете ја тавата од шпоретот.

- Загрејте ја рерната на 220°C (рерна со вентилација 200°C).
- Половинките од пиперките ставете ги во тава обложена со хартија за печење. Посолете го внатрешниот дел од пиперките со преостанатaта вегета.

- Наполнете ги пиперките со филот од грав.

- Рамномерно распоредете ја фетата врз гравот и потоа ставете ја тавата во загреана рерна да се пече 30 минути.

- Кога јадењето ќе биде готово, извадете ја тавата од рерна, декорирајте и послужете.

Нутриент
Забелешка
- Ако сакате вегетаријанска варијанта, едноставно изоставете ги коцките сланина.
- Доколку пак сте љубители на познатата верзија „Печен грав“ (Baked Beans) при пржење на зеленчукот додадете сос од домати, а потоа додате го гравот во тавата и продолжете со останатите чекори од рецептот.
Нашиот Инстаграм
Заследете @bellakujna!На семејството ќе му сервирате поинаква верзија на полнети пиперки со одличен вкус и со многу здрави состојки.

Уживајте при готвењето и добар апетит!
Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:
- Kрем супа од зеленчук ала мама
- Ќофтиња со соленки
- Потпечени тиквички со фил од шпагети
- Макарони-Јуфки со сос од тиква и лук
- Брокула со пржен зеленчук и сусам
Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.









Оставете Одговор