Многу едноставен рецепт со одличен вкус.
Кое растение од родот на бобинките доживеа неспоредлив подем? Тиквата! Од ботанички агол, тиквата спаѓа во родот на бобинките, само што таа е голема бобинка. Тиквата претставува една од најголемите бобинки во светот и е сродна со краставицата, дињата и тиквичките.

Сепак нејзиниот развој може да се оквалификува како вртоглав, бидејќи до пред само неколку години, тиквата се сметаше за храна за сиромашните луѓе или беше користена како сточна храна. Денес тиквата е составен дел од врвната кујна. Мојот сопруг исто така се сеќава на времињата кога не се јадело тиква, а сега тој е нејзин голем обожавател.
Меѓутоа кој е нејзиниот рецепт за успех? Со само 25 калории на 100 грама, т.н. супер храна претставува одлично средство за слабеење изобилува со здрави состојки. Растението од родот на бобинките е добро и за јакнење на имунолошкиот систем, за силни нерви и убава кожа.

За жал, тиквите сепак имаат и еден мал недостаток: тие се често преголеми за стандардните рецепти. Измерив неколку прилично мали тикви од сортата Хокаидо и сите тие беа помеѓу 850 и 1000 грама. За „ Макарони-Јуфки со сос од тиква и лук“ потребни Ви се на пр. 400 грама и баш затоа секогаш останува еден дел што чека да биде искористен за некое друго јадење. Е токму тој дел сакам да го искористам за денешниот рецепт.
Сакам да Ви претставам еден многу едноставен рецепт од рубриката Готвење со употреба на остатоци од храна. За таа цел ќе употребам свежи њоки од ладилникот, бидејќи домашното производство е малку посложено и не секогаш имате време или сте расположени за тоа. Денес во продажба може да се најдат висококвалитетни њоки па дури и со органски квалитет.
Информации за состојките
За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.
Рецепт
Состојки
Подготовка
- Измијте ја тиквата, исечете ја на четвртини, отстранете ги семките и потоа излупете ја.

- Исечете ја тиквата на мали парчиња дебели околу 3 мм.

- Измијте го магдоносот, оставете го нека се исцеди и потоа и исечкајте го ситно.

- Во еден сад ставете ги парчињата тиква и додадете две лажици маслиново масло, 1 лажица магдонос и зачините (½ вегета, ½ лажичка сол и ½ лажичка бибер) и промешајте сѐ заедно, маринирајте. Покријте го садот и оставете го настрана околу 30 минути.

- Преостанатиот дел од маслиновото масло сипете го во тава, додадете ги њоките и пржете ги на средна температура се додека не добијат златно-кафеава боја. Додадете ги останатите зачини и измешајте.

- Во исто време, загрејте втора тава, по можност ребраста тава (така парчињата од тиква добиваат изглед како да се печени на скара), и пропржете ги исечените парчиња тиква од двете страни.

- Кога парчињата тиква ќе бидат готови додадете ги во тавата со њоките и измешајте.

- Додајте го преостанатиот магдоносот и добро промешајте.

- Сервирајте ги готовите њоки со вкусно зачинетата тиква и послужете.

Нутриент
Забелешка
Нашиот Инстаграм
Заследете @bellakujna!На семејството ќе му сервирате крцкави њоки, што се меки одвнатре, заедно со ситно зачинети парчиња тиква.

Уживајте при готвењето и добар апетит!
Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:
- Брокула со пржен зеленчук и сусам
- Потпечени тиквички со фил од шпагети
- Галета со праз и сирење
- Mини пици сo Оризoви вафли
- Освежен стар леб
Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.









Оставете Одговор