Невообичаен фил за нискокалоричниот зеленчук.
Податокот дека 100 г тиквички имаат само 19 калории е повеќе од доволна причина што повеќе да се конзумира овој „лесен„ зеленчук. Моментално е сезона на тиквичките, коишто впрочем му припаѓаат на семејството тикви, па така во градината на местото на набраните тиквички веднаш никнуваат нови. Оние помалку среќните, коишто немаат своја градина, тоа може да го забележат доколку погледнат колкави количини на тиквички се нудат по продавниците и на пазарите.

Тиквички
Она што ги прави особено важни за исхраната е фактот дека содржат калциум, магнезиум, железо, витамини од групата Б, провитамин А и витамин Ц. Ако сумираме, може да се каже дека тие не само што имаат малку калории и содржат многу хранливи состојки, туку исто така придонесуваат за намалување на нивото на шеќер во крвта, изобилуваат со многу антиоксиданси, го зајакнуваат видот и помагаат при слабеење.
Не само здравите состојки и малиот број на калории им даваат посебно место на тиквичките во редот на зеленчуците, туку и многубројни можности за нивна употреба. Така на пример тиквичките можат одлично да се искористат за во салата, како што е тоа случај во рецептот “Вкусна салата од тиквички”.

Денес сакам да Ве запознаам со една вегетаријанска верзија на полнети тиквички. Она што го прави денешниот рецепт посебен е филот, чијашто главна состојка се шпагетите. Во комбинација со здравиот зеленчук, шпагетите претставуваат многу вкусна состојка.
Информации за состојките
За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.
Рецепт
Состојки
Подготовка
- Сварете ги шпагетите, исцедете ја водата и оставете ги настрана.100-150 г шпагети
- Измијте ја пиперката, отстранете ги семките и исечете ја на мали парчиња.1 пиперка

- Излупете ги кромидот и лукот и исечете ги ситно. Излупете го морковот и исечете го на мали парчиња.1 главица кромид, 1 морков, 3 чешниња лук

- Исечете ги тиквичките на половина и извадете ги семките. Тоа најдобро се прави со лажица. Внатрешниот дел исечкајте го ситно и притоа остранете ги големите семки.
- Измијте ги билките и исечкајте ги ситно.3 лажици билки

- Пропржете ги пиперката, кромидот и морковот во тава со маслиново масло. Кога кромидот ќе стане стаклест, додадете лук и продолжете да пржите.

- Додадете ги исечканите парчиња од тиквичките и оставете нека се крчка.

- Додадете го доматното пире и промешајте.200 мл доматно пире

- Додадете сол, бибер и вегета, зачинете по вкус.1 лажичка вегета, 1 лажичка бибер, 1 лажичка сол

- Потоа додајте ги билките и промешајте.

- Тргнете ја тавата од шпоретот и додадете ги шпагетите.
- Загрејте ја рерната на 200°C (со вентилација на 180°C).
- Половинките од тиквичките ставете ги во плех обложен со хартија за печење и зачинете ги со малку бибер и вегета.

- Наполнете ги тиквичките со мешавината од шпагети и зеленчук.

- Врз филот рамномерно посипете го ренданиот кашкавал.

- Ставете го плехот во загреана рерна и печете околу 25 минути.
- Извадете ги потпечените тиквички од рерна, наредете и послужете.

Нутриент
Забелешка
- Шпагети со медитерански зеленчук во бол од крцкави тиквички потпечени со рендан кашкавал, здраво јадење со прекрасна арома и одличен вкус.
- Ако употребете посни шпагети и растителен кашкавал ке имате прекрасен вегански или посен ручек.
Нашиот Инстаграм
Заследете @bellakujna!На Вашето семејство ќе му сервирате децентно зачинети тиквички со извонреден фил и одличен вкус.

Уживајте при готвењето и добар апетит!
Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:
- Kрем супа од зеленчук ала мама
- Полнети пиперки со бел грав
- Чили кон карне под хауба од пире
- Намаз од модар патлиџан
- Ќофтиња со соленки
Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.









Оставете Одговор