Сварете ги шпагетите, исцедете ја водата и оставете ги настрана.
100-150 г шпагети
Измијте ја пиперката, отстранете ги семките и исечете ја на мали парчиња.
1 пиперка
Излупете ги кромидот и лукот и исечете ги ситно. Излупете го морковот и исечете го на мали парчиња.
1 главица кромид, 1 морков, 3 чешниња лук
Исечете ги тиквичките на половина и извадете ги семките. Тоа најдобро се прави со лажица. Внатрешниот дел исечкајте го ситно и притоа остранете ги големите семки.
Измијте ги билките и исечкајте ги ситно.
3 лажици билки
Пропржете ги пиперката, кромидот и морковот во тава со маслиново масло. Кога кромидот ќе стане стаклест, додадете лук и продолжете да пржите.
Додадете ги исечканите парчиња од тиквичките и оставете нека се крчка.
Додадете го доматното пире и промешајте.
200 мл доматно пире
Додадете сол, бибер и вегета, зачинете по вкус.
1 лажичка вегета, 1 лажичка бибер, 1 лажичка сол
Потоа додајте ги билките и промешајте.
Тргнете ја тавата од шпоретот и додадете ги шпагетите.
Загрејте ја рерната на 200°C (со вентилација на 180°C).
Половинките од тиквичките ставете ги во плех обложен со хартија за печење и зачинете ги со малку бибер и вегета.
Наполнете ги тиквичките со мешавината од шпагети и зеленчук.
Врз филот рамномерно посипете го ренданиот кашкавал.
Ставете го плехот во загреана рерна и печете околу 25 минути.
Извадете ги потпечените тиквички од рерна, наредете и послужете.
Нутриент
Нутритивни факти
Потпечени тиквички со фил од шпагети
Количина по порција
Калории
604.7
% Дневна вредност*
Масти
30.7
g
47
%
Јаглехидрати
53.5
g
18
%
Протеини
24.1
g
48
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.
Забелешка
Шпагети со медитерански зеленчук во бол од крцкави тиквички потпечени со рендан кашкавал, здраво јадење со прекрасна арома и одличен вкус.
Ако употребете посни шпагети и растителен кашкавал ке имате прекрасен вегански или посен ручек.