Меко тесто со златно кафена боја и со чили како основнa состојк за превкуснa галетa.
Ако сте расположени за едноставни, брзи и превкусни галети направени од посебно тесто со чили пиперки (исецкани на тенки, долги парчиња и осушени) или може да се замени со буковец, тогаш го имам вистинскиот рецепт за Вас.

Галети
Галетите се солената варијанта на добро познатиот „ Crêpe” (кај нас попознат како палачинка) , доаѓаат од Бретања и традиционално се подготвуваат со брашно од хељда, вода и сол.
Значи, галетите се палачинки со брашно од хељда и солен фил. Кај многу популарната варијанта „Galette Complete“, филот се состои од рендано сирење, пржени или изматени јајца и варена шунка.
Покрај тоа францускиот термин „галета“ се употребува за мали тркалезни колачиња и кекси од путер, како и за големи кружни и рамни колачи.
Како што е тоа случај со многу стари јадења така и од ова јадење денес може да се сретнат многу варијанти и тоa и солени и слатки.

Морам да признаам, дека навистина сакам да го изненадувам моето семејството и моите гости со рецепти кои се едноставни за приготвување, а коишто плус имаат и бесконечни можности за комбинирање.
Затоа денес сакам да Ви ја претставам солената галета со праз.
Информации за состојките
За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.
Рецепт
Состојки
Подготовка
- Грубо исецкајте го чилито во нишки.1 лажица чили во нишки

- Сипете го брашното во еден сад, додадете путер, вода, сол и чили и измешајте ги сите состојки сè додека не добиете мазно и хомогено тесто.250 г брашно, 70 мл вода, 1 лажица чили во нишки, 1 лажичка сол, 150 г путер

- Завиткајте го тестото во фолија и ставете го во фрижидер да отстои 1-2часа.

- Во меѓувреме измијте го празот, исечкајте го и оставете го да се исцеди.500 г праз

- Пропржете го празот околу 10 минути во голема тава воко ја ќе додате две лажици маслиново масло, посипете го со сол и зачинете го по вкус.

- Оставете го настрана да се олади.
- Загрејте ја рерната на 200°C (со вентилација 180°C).
- Извадете го тестото од фрижидер и измесете го уште еднаш.

- Ставете го тестото помеѓу две хартии за печење и со помош на сукало расукајте го во форма на круг со дијаметар од околу 40 см и дебелина од 5 мм. Избоцкајте го тестото со вилушка на повеќе места за да може рамномерно да нарасне додека се пече.

- Распоредете ја павлаката рамномерно и притоа оставете еден празен дел на рабовите од околу 5 см.80 г кисела павлака

- Изладениот праз распоредете го врз павлаката.

- Исечете го сирењето на мали коцки.70 г сирење

- Измијте и преполовете ги доматите.4 шери домати

- Распоредете го сирењето рамномерно врз галетата. Ставете ги доматите врз празот и сирењето, така што исечената страна ќе биде свртена нагоре. Посипете ги доматите со солта со зачини.

- На крај превиткајте го празниот раб од галетата. Со четка премачкајте ги преклопените рабoви со остатокот од маслиновото масло.
- Ставете ја галетата во загреана рерна и печете ја околу 30 минути.
- Кога галетата ќе добие златно-кафена боја, извадете ја од рерна и оставете ја малку да се излади. Галетата има одличен вкус и кога е топла и кога е ладна.

Нутриент
Нашиот Инстаграм
Заследете @bellakujna!На семејството ќе му сервирате галета направена со тесто меко како душа, со суптилна нота на чили, подзачинет праз и ароматично сирење.

Добар апетит и забавувајте се испробувајќи го овој рецепт!
Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:
- Mини пици сo Оризoви вафли
- Кромид торта co брашно oд цвекло
- Потпечен стар леб во стил на Пица
- Њоки со пржена тиква
- Ќофтиња со соленки
Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.









Оставете Одговор