Go Back
–+ servings
Galeta so praz i sirenje-Recept-bellakujna

Галета со праз и сирење

Галета со праз и фета, крцкаво и истовремено меко тесто со пикантна нота во комбинација со вкусен фил од праз и фета сирење.
Сподели
Припрема 35 minutes
Печење 30 minutes
Вкупно 1 hour 5 minutes
Порции: 2 порции
Јадење: Солени печива
Потекло: Германија, Франција
Калории: 1406.8kcal

Состојки
  

За тестото:
  • 250 г брашно
  • 150 г путер (на собна температура)
  • 70 мл вода
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажица чили во нишки (или Буковец)
За филот:
  • 500 г праз
  • 70 г сирење
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • 80 г кисела павлака
  • 4 шери домати
  • 1 лажичка сол со зачини

Подготовка
 

  1. Грубо исецкајте го чилито во нишки.
    1 лажица чили во нишки
  2. Сипете го брашното во еден сад, додадете путер, вода, сол и чили и измешајте ги сите состојки сè додека не добиете мазно и хомогено тесто.
    250 г брашно, 70 мл вода, 1 лажица чили во нишки, 1 лажичка сол, 150 г путер
  3. Завиткајте го тестото во фолија и ставете го во фрижидер да отстои 1-2часа.
  4. Во меѓувреме измијте го празот, исечкајте го и оставете го да се исцеди.
    500 г праз
  5. Пропржете го празот околу 10 минути во голема тава воко ја ќе додате две лажици маслиново масло, посипете го со сол и зачинете го по вкус.
  6. Оставете го настрана да се олади.
  7. Загрејте ја рерната на 200°C (со вентилација 180°C).
  8. Извадете го тестото од фрижидер и измесете го уште еднаш.
  9. Ставете го тестото помеѓу две хартии за печење и со помош на сукало расукајте го во форма на круг со дијаметар од околу 40 см и дебелина од 5 мм. Избоцкајте го тестото со вилушка на повеќе места за да може рамномерно да нарасне додека се пече.
  10. Распоредете ја павлаката рамномерно и притоа оставете еден празен дел на рабовите од околу 5 см.
    80 г кисела павлака
  11. Изладениот праз распоредете го врз павлаката.
  12. Исечете го сирењето на мали коцки.
    70 г сирење
  13. Измијте и преполовете ги доматите.
    4 шери домати
  14. Распоредете го сирењето рамномерно врз галетата. Ставете ги доматите врз празот и сирењето, така што исечената страна ќе биде свртена нагоре. Посипете ги доматите со солта со зачини.
  15. На крај превиткајте го празниот раб од галетата. Со четка премачкајте ги преклопените рабoви со остатокот од маслиновото масло.
  16. Ставете ја галетата во загреана рерна и печете ја околу 30 минути.
  17. Кога галетата ќе добие златно-кафена боја, извадете ја од рерна и оставете ја малку да се излади. Галетата има одличен вкус и кога е топла и кога е ладна.
    Galeta so praz i sirenje-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Галета со праз и сирење
Количина по порција
Калории
1406.8
% Дневна вредност*
Масти
 
99.1
g
152
%
Јаглехидрати
 
99.5
g
33
%
Протеини
 
49.7
g
99
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!