Потпечен стар леб во стил на Пица

Прекрасен и вкусен начин за искористување на остатоци.

Непобитен факт е дека живееме во потрошувачко општество. Така на пр. во Германија секој жител годишно фрла 75 кг прехрамбени производи. Особено големо количество леб завршува во ѓубре. Во Германија бројките на годишно ниво се застрашувачки, односно изразено во бројки годишно се фрлаат околу 500.000 тони леб. Една пекара во просек фрла 10 до 20 проценти од дневното производство.  

Но зошто е тоа така? Причината е едноставна – лебот што е постар од 24 часа тешко дека ќе може да се продаде, бидејќи купувачите покрај добриот вкус очекуваат лебот да биде и свеж. Во најдобар случај вишокот леб им се донира на организациите што се грижат за бездомници или пак социјално загрозени лица. Меѓутоа голем дел завршува како добиточна храна или пак во фабриките за биогас или во најлош случај неговата крајна дестинација е кантата за отпадоци.

Образложението за прекумерното производство на леб се оправдува со волјата на потрошувачите. Очекувањата се дека во секое време полиците треба да се полни со речиси целиот асортиман. Трошоците за таквото прекумерно производство како и за евентуалното фрлање на лебот имаат значаен удел при одредување на неговата цената.  

Сепак може да се забележи позитивен тренд, бидејќи во 2014 г во просек се фрлале 81 кг прехрамбени производи по жител наспроти 75 кг во 2019 г. Тоа укажува на фактот дека сѐ поголем е бројот на потрошувачите, коишто пазарат совесно и со тоа фрлаат помалку прехрамбени производи. Со цел да дадам свој придонес во овој позитивен тренд веќе Ви ги претставив моите рецепти: Освежен стар леб иТепсија со стар леб на бабин начин.

И денес исто така сакам да Ви претставам еден нов рецепт од рубриката готвење со остатоци. Бидејќи моите дома буквално обожаваат пица, а искрено кој не сака пица, се одлучив да го искористам стариот леб во пица стил. 

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Потпечен стар леб во стил на Пица

Потпечен стар леб во стил на Пица, одличен рецепт за искористување на остатоци. Застарениот леб може да биде толку вкусен ако го приготвите во стилот на италијанска пица.
Сподели
Припрема 30 minutes
Печење 20 minutes
Вкупно 50 minutes
Порции: 2 Порции
Јадење: Главни Јадења
Потекло: Германија
Калории: 744kcal

Состојки
  

  • 150 г стар леб
  • 200 г сос од домати
  • 4 кисели пиперчиња
  • 1 младо кромидче (зелениот дел)
  • 2-4 чешниња лук
  • 8 маслинки (црни)
  • 100 г кашкавал (рендан)
  • 1 топче моцарела
  • 3 лажици билки (исечкани, орегано, мајчина душица, мајоран доколку немате свежи како замена 2 кафени лажички исушени)
  • 6 лажички маслиново масло

Подготовка
 

  1. Исечете гo лебот на кришки и ставете ги на кратко во тостер (на двојка). Исечете го тостираниот леб на мали парчиња.
    150 г стар леб
  2. Исечете ги пиперчињатa на кругови.
    4 кисели пиперчиња
  3. На прстени исечете го и зелениот дел од младиот кромид.
    1 младо кромидче
  4. Излупете ги чешнињата лук и исечкајте ги ситно.
    2-4 чешниња лук
  5. Измијте ги свежите билки, исечкајте ги и нив ситно.
    3 лажици билки
  6. Исечете ги маслинките на тенки кругови.
    8 маслинки
  7. Исечете ја моцарелата на резанки.
    1 топче моцарела
  8. Загрејте ја рерната на 240°C (со вентилација 220°C).
  9. Премачкајте со масло еден огноотпорен сад (тава) со димензии 24х12 или пак два помали сада (тавички) со димензии 12х12 (како на сликите)
  10. Распоредете ги коцките леб во тавата т.е. во тавичките. Попрскајте ги парчињата леб со остатокот од маслиновото масло.
  11. Измешајте го доматниот сос и билките и рамномерно сипете го врз лебот.
    200 г сос од домати, 3 лажици билки
  12. Ставете околу ¾ од ренданиот кашкавал врз доматниот сос.
  13. Додадете го исечканиот млад кромид и маслинките.
  14. Потоа додате ги одозгора пиперките и лукот.
  15. Следно нешто што ќе додадете е остатокот од ренданиот кашкавал. Најпосле ставете ги парчињата моцарела.
  16. Ставете го садот во загреана рерна да се пече околу 20 мин.
  17. Кога ќе добие убава румена боја извадете го садот од рерната и послужете.

Нутриент

Нутритивни факти
Потпечен стар леб во стил на Пица
Количина по порција
Калории
744
% Дневна вредност*
Масти
 
42.6
g
66
%
Јаглехидрати
 
54.1
g
18
%
Протеини
 
32.3
g
65
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

Потпечен стар леб во стил на Пица е класичен рецепт од рубриката готвење со остатоци. Денес само го отворив фрижидерот и погледнав што треба да се изеде. Така да и Вие може да искористите сè што му се допаѓа на семејството, а што треба да се изеде што побрзо. 

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

Оставете малку да се олади, декорирајте и послужете го вкусното јадење направено од остатоци.

Уживајте при готвењето и добар апетит!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

  1. Освежен стар леб
  2. Mини пици сo Оризoви вафли
  3. Макарони-Јуфки со сос од тиква и лук
  4. Тортелини на медитерански начин
  5. Чили кон карне под хауба од компири

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.