Состојки
Подготовка
- Исечете гo лебот на кришки и ставете ги на кратко во тостер (на двојка). Исечете го тостираниот леб на мали парчиња.150 г стар леб

- Исечете ги пиперчињатa на кругови.4 кисели пиперчиња

- На прстени исечете го и зелениот дел од младиот кромид.1 младо кромидче

- Излупете ги чешнињата лук и исечкајте ги ситно.2-4 чешниња лук

- Измијте ги свежите билки, исечкајте ги и нив ситно.3 лажици билки

- Исечете ги маслинките на тенки кругови.8 маслинки

- Исечете ја моцарелата на резанки.1 топче моцарела

- Загрејте ја рерната на 240°C (со вентилација 220°C).
- Премачкајте со масло еден огноотпорен сад (тава) со димензии 24х12 или пак два помали сада (тавички) со димензии 12х12 (како на сликите)
- Распоредете ги коцките леб во тавата т.е. во тавичките. Попрскајте ги парчињата леб со остатокот од маслиновото масло.

- Измешајте го доматниот сос и билките и рамномерно сипете го врз лебот.200 г сос од домати, 3 лажици билки

- Ставете околу ¾ од ренданиот кашкавал врз доматниот сос.

- Додадете го исечканиот млад кромид и маслинките.

- Потоа додате ги одозгора пиперките и лукот.

- Следно нешто што ќе додадете е остатокот од ренданиот кашкавал. Најпосле ставете ги парчињата моцарела.

- Ставете го садот во загреана рерна да се пече околу 20 мин.
- Кога ќе добие убава румена боја извадете го садот од рерната и послужете.

Нутриент
Забелешка
Потпечен стар леб во стил на Пица е класичен рецепт од рубриката готвење со остатоци. Денес само го отворив фрижидерот и погледнав што треба да се изеде. Така да и Вие може да искористите сè што му се допаѓа на семејството, а што треба да се изеде што побрзо.
