Топло чоколадо ала шварцвалд торта со вишни

Toplo cokolado ala svarcvald torta so visni-Recept-bellakujna

Во чест на популарната торта од Шварцвалд.

Шварцвалдската торта со вишни е крем-торта што од 30-тите години на минатиот век почнува да се распространува низ цела  Германија. Денес таа е најпопуларната торта во Германија, а позната е и низ целиот свет како класична германска торта.

Toplo cokolado ala svarcvald torta so visni-Cokoladen punc-bellakujna

Главните состојки се чоколадо, вишни и шлаг крема, сите три како мелем за душа 😉.

А рака на срце кој не сака да ужива во топло чоколадо во зима, по можност убаво стуткани под топло ќебе? Многу од нас, посебно понежниот пол.

Кој би имал нешто против тоа да му додадеме посебен шмек на топлото чоколадо? Во тој момент низ главата ми помина идеја за шварцвалдската торта со вишни. Сега сакам да Ви го претставам крајниот резултат на моите денешни размислувања: Топло чоколадо ала шварцвалдска торта со вишни.

Toplo cokolado ala svarcvald torta so visni-Topli napitoci-bellakujna

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Toplo cokolado ala svarcvald torta so visni-Recept-bellakujna

Топло чоколадо ала шварцвалд торта со вишни

Топло чоколадо со вкус што потсеkа на прекрасната шварцвалдска торта со вишни во чаша топло чоколадо – едноставно фантастично.
Сподели
Припрема 10 minutes
Вкупно 10 minutes
Порции: 1 Чаша
Јадење: Топли пијалоци
Потекло: Германија
Калории: 136.8kcal

Состојки
  

  • 2 лажици чоколадо во прав (60% какао)
  • 200 мл млеко (1,5% масленост)
  • 50 мл ликер од вишна (како алтернатива сок од вишни)
  • 2-3 лажици млечна пена (како алтернатива шлаг)

Подготовка
 

  1. Загрејте го млекото и сипете го чоколадниот прав во врелото млеко.
    2 лажици чоколадо во прав, 200 мл млеко
  2. Сипете го чоколадото во голема чаша или шолја со соодветна големина и додадете ликер од вишна.
    50 мл ликер од вишна
  3. Одозгора како декорација ставете млечна пена или шлаг.
    2-3 лажици млечна пена
  4. Посипете одозгора малку чоколаден прав и сервирајте го божественото топло чоколадо ала шварцвалдска торта со вишни.
    Toplo cokolado ala svarcvald torta so visni-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Топло чоколадо ала шварцвалд торта со вишни
Количина по порција
Калории
136.8
% Дневна вредност*
Масти
 
4.1
g
6
%
Јаглехидрати
 
13.7
g
5
%
Протеини
 
9.7
g
19
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

Во врска со алкохолот сакам да додадам два коментари. Доколку топлото чоколадо го приготвувате за деца или за некого, којшто не пие алкохол, ликерот може да го замените со сок од вишна. За оние пак, коишто претпочитаат подоминантен вкус на вишна може да употребат вишнова ракија наместо ликер од вишна.
Доколку не сакате или не мора да внимавате на калориите, може слободно да ставите шлаг крема наместо млечна пена.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

На Вашето семејство или на Вашите гости или пак самите на себе ќе си сервирате прекрасно топло чоколадо кое ќе Ве натера дa мечтаете, да мечтаете за …

Toplo cokolado ala svarcvald torta so visni-Zimski pijalok-bellakujna

На здравје

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

  1. Пунч од тиква и портокал
  2. Бомбици од тиква и лешници
  3. Чоколадни макарони со карамелизирано јапонско јаболко
  4. Појадок од соино млеко и овесни снегулки
  5. Торта од пудинг, кекс и банана

 Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.