Чоколадни макарони со карамелизирано јапонско јаболко

Cokoladni makaroni so karamelizirano japonsko jabolko-Recept-bellakujna

Невообичаен десерт со неповторлив вкус.

Дали сте во потрага по нешто ново или нешто посебно? Дали сакате да го изненадите семејството или гостите? Ако одговорот е да, тогаш денес го имам вистинскиот рецепт за Вас – мојата паста со какао и прелив од карамелизирано јапонско јаболко.  

Cokoladni makaroni so karamelizirano japonsko jabolko-Desert so ovosje-bellakujna

Не случајно сакам ваков вид тестенини, бидејќи кога бев дете многу често можев да уживам во слатки макарони подготвени на различни начини.

Инаку денешниот рецепт е исто така многу стар што се однесува до неговите основни карактеристики, а јас само го прилагодив на денешните прилки. Така на пример за денешниот рецепт користев јапонско јаболко и пред да преминам на приготвувањето дозволете ми да споделам неколку реченици за ова егзотично овошје.

Cokoladni makaroni so karamelizirano japonsko jabolko-Pasta desert-bellakujna

Јапонско јаболко

Јапонските јаболка не само што се многу вкусни, туку се и здрави. Тие содржат каротин, како и витамини Ц и E и со тоа придонесуваат за зајакнување на имунитетот. Освен тоа тие се лесно сварливи заради ниското ниво на киселост, ги зајакнуваат нервите благодарение на минералите магнезиум, калиум и фосфор и витамините од групата Б. Витаминот К ги зајакнува коските, а за нас жените важно е и дека ја штитат кожата. Меѓутоа, без грижа тие подеднакво ја штитат и машката кожа.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Cokoladni makaroni so karamelizirano japonsko jabolko-Recept-bellakujna

Чоколадни макарони со карамелизирано јапонско јаболко

Превкусен компот од јапонско јаболко искомбиниран со чоколадни макарони, портокал, крцкави лешници и киселкаста калинка. 
Месенџер Сподели
Припрема 30 minutes
Вкупно 30 minutes
Порции: 2 Порции
Јадење: Десерти
Потекло: Македонија
Калории: 685.7kcal

Состојки
  

  • 2 јапонски јаболка
  • 100 гр макарони (мали)
  • 700 мл млеко (масленост 1,5%)
  • 4 лажици суров шеќер од трска
  • 2 лажици какао
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 портокал (органски, сок и кора)
  • 3 лажици лешници (исечкани)
  • 2 лажици семки од калинка

Подготовка
 

  1. Во тавче кратко пропржете ги исечканите лешници (на средна температура) и потоа оставете ги да се изладат.
    3 лажици лешници
  2. Изрендајте ја кората од портокал и исцедете го сокот.
    1 портокал
  3. Сипете го млекото во тенџере, додадете какао, 2 лажици суров шеќер од трска и кора од портокал и оставете да зоврие.
    700 мл млеко, 2 лажици какао
  4. Кога млекото ќе зоврие додадете ги макароните и оставете да се варат на тивок оган. Потоа проверете дали макароните омекнале, меѓутоа внимавајте да не испари целата течност, бидејќи во тој случај ќе станат премногу суви. Тргнете го тенџерето настрана.
    100 гр макарони
  5. Додадете ги лешниците во макароните и промешајте.
    3 лажици лешници
  6. Во меѓувреме излупете ги јапонските јаболка и исечете ги на мали парчиња.
    2 јапонски јаболка
  7. Ставете ги преостанатите две лажици шеќер од трска во тава и оставете го да се растопи.
  8. Додадете ги парчињата јаболка и измешајте ги со растопениот шеќерот.
  9. Во тавата сипете го сокот од портокал и додадете ги двете пакетчиња ванилин шеќер и добро измешајте ги сите состојки.
  10. Оставете го компотот да крчка сѐ додека течноста не испари. И при овој чекор е важно да оставите мала количина на течност за компотот да не биде сув. Тргнете ја тавата настрана.
  11. Распоредете ги топлите тестенини во две чинии за десерт, сипете врз нив половина од овошната смеса и дел од преостанатите лешници и најгоре ставете една лажица од калинката.
    Cokoladni makaroni so karamelizirano japonsko jabolko-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Чоколадни макарони со карамелизирано јапонско јаболко
Количина по порција
Калории
685.7
% Дневна вредност*
Масти
 
11.3
g
17
%
Јаглехидрати
 
119.2
g
40
%
Протеини
 
22.9
g
46
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

  1. Количеството на млеко што е потребно зависи од видот на тестенините што ќе ги користите. За овој рецепт користев мали тестенини за супа во форма на школка. За нив е потребно релативно големо количество млеко, за разлика од нормалните макарони-јуфки за кои е потребно помалку млеко.
  2. При рендање на кората од портокал внимавајте ја изрендате само надворешната кора. Белата обвивка одоздола содржи многу горчливи материи што секако дека не ги сакате во Вашето јадење.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

Готов е еден фантастичен десерт од врвна класа.

Cokoladni makaroni so karamelizirano japonsko jabolko-Desert so ovosje-bellakujna

Забавувајте се додека го приготвувате десертот и добар апетит!

Уживајте при приготвувањето и добар апетит!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

  1. Торта од пудинг, кекс и банана
  2. Бомбици од тиква и лешници
  3. Штрудла со извонреден фил од јаболки и марципан
  4. Торта од лиснато тесто со цреши
  5. Чизкејк со мармалад од домати

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.