Go Back
–+ servings
Cokoladni makaroni so karamelizirano japonsko jabolko-Recept-bellakujna

Чоколадни макарони со карамелизирано јапонско јаболко

Превкусен компот од јапонско јаболко искомбиниран со чоколадни макарони, портокал, крцкави лешници и киселкаста калинка. 
Сподели
Припрема 30 minutes
Вкупно 30 minutes
Порции: 2 Порции
Јадење: Десерти
Потекло: Македонија
Калории: 685.7kcal

Состојки
  

  • 2 јапонски јаболка
  • 100 гр макарони (мали)
  • 700 мл млеко (масленост 1,5%)
  • 4 лажици суров шеќер од трска
  • 2 лажици какао
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 портокал (органски, сок и кора)
  • 3 лажици лешници (исечкани)
  • 2 лажици семки од калинка

Подготовка
 

  1. Во тавче кратко пропржете ги исечканите лешници (на средна температура) и потоа оставете ги да се изладат.
    3 лажици лешници
  2. Изрендајте ја кората од портокал и исцедете го сокот.
    1 портокал
  3. Сипете го млекото во тенџере, додадете какао, 2 лажици суров шеќер од трска и кора од портокал и оставете да зоврие.
    700 мл млеко, 2 лажици какао
  4. Кога млекото ќе зоврие додадете ги макароните и оставете да се варат на тивок оган. Потоа проверете дали макароните омекнале, меѓутоа внимавајте да не испари целата течност, бидејќи во тој случај ќе станат премногу суви. Тргнете го тенџерето настрана.
    100 гр макарони
  5. Додадете ги лешниците во макароните и промешајте.
    3 лажици лешници
  6. Во меѓувреме излупете ги јапонските јаболка и исечете ги на мали парчиња.
    2 јапонски јаболка
  7. Ставете ги преостанатите две лажици шеќер од трска во тава и оставете го да се растопи.
  8. Додадете ги парчињата јаболка и измешајте ги со растопениот шеќерот.
  9. Во тавата сипете го сокот од портокал и додадете ги двете пакетчиња ванилин шеќер и добро измешајте ги сите состојки.
  10. Оставете го компотот да крчка сѐ додека течноста не испари. И при овој чекор е важно да оставите мала количина на течност за компотот да не биде сув. Тргнете ја тавата настрана.
  11. Распоредете ги топлите тестенини во две чинии за десерт, сипете врз нив половина од овошната смеса и дел од преостанатите лешници и најгоре ставете една лажица од калинката.
    Cokoladni makaroni so karamelizirano japonsko jabolko-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Чоколадни макарони со карамелизирано јапонско јаболко
Количина по порција
Калории
685.7
% Дневна вредност*
Масти
 
11.3
g
17
%
Јаглехидрати
 
119.2
g
40
%
Протеини
 
22.9
g
46
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

  1. Количеството на млеко што е потребно зависи од видот на тестенините што ќе ги користите. За овој рецепт користев мали тестенини за супа во форма на школка. За нив е потребно релативно големо количество млеко, за разлика од нормалните макарони-јуфки за кои е потребно помалку млеко.
  2. При рендање на кората од портокал внимавајте ја изрендате само надворешната кора. Белата обвивка одоздола содржи многу горчливи материи што секако дека не ги сакате во Вашето јадење.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!