Go Back
–+ servings
Toplo cokolado ala svarcvald torta so visni-Recept-bellakujna

Топло чоколадо ала шварцвалд торта со вишни

Топло чоколадо со вкус што потсеkа на прекрасната шварцвалдска торта со вишни во чаша топло чоколадо – едноставно фантастично.
Сподели
Припрема 10 minutes
Вкупно 10 minutes
Порции: 1 Чаша
Јадење: Топли пијалоци
Потекло: Германија
Калории: 136.8kcal

Состојки
  

  • 2 лажици чоколадо во прав (60% какао)
  • 200 мл млеко (1,5% масленост)
  • 50 мл ликер од вишна (како алтернатива сок од вишни)
  • 2-3 лажици млечна пена (како алтернатива шлаг)

Подготовка
 

  1. Загрејте го млекото и сипете го чоколадниот прав во врелото млеко.
    2 лажици чоколадо во прав, 200 мл млеко
  2. Сипете го чоколадото во голема чаша или шолја со соодветна големина и додадете ликер од вишна.
    50 мл ликер од вишна
  3. Одозгора како декорација ставете млечна пена или шлаг.
    2-3 лажици млечна пена
  4. Посипете одозгора малку чоколаден прав и сервирајте го божественото топло чоколадо ала шварцвалдска торта со вишни.
    Toplo cokolado ala svarcvald torta so visni-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Топло чоколадо ала шварцвалд торта со вишни
Количина по порција
Калории
136.8
% Дневна вредност*
Масти
 
4.1
g
6
%
Јаглехидрати
 
13.7
g
5
%
Протеини
 
9.7
g
19
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

Во врска со алкохолот сакам да додадам два коментари. Доколку топлото чоколадо го приготвувате за деца или за некого, којшто не пие алкохол, ликерот може да го замените со сок од вишна. За оние пак, коишто претпочитаат подоминантен вкус на вишна може да употребат вишнова ракија наместо ликер од вишна.
Доколку не сакате или не мора да внимавате на калориите, може слободно да ставите шлаг крема наместо млечна пена.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!