Пунч од тиква и портокал

Punc od tikva i portokal-Recept-bellakujna

Пунч што ќе Ве загрее, а има и уникатен вкус.

За време на зимските месеци топлите напитоци се многу популарни, на пример да го загреете телото после долга прошетка.

Punc od tikva i portokal-Topol pijalok-bellakujna

Тиквата е без сомнение кулинарски хит во есен и зима. Многу е вкусна и во солена и во блага храна, но уште повкусна во топли пијалаци.

Tиква

Тиквата како впрочем и речиси сите останати сезонски производи, кога е достапна на пазарот претставува вистински сезонски хит. Меѓутоа не е ни чудо заради фактот дека содржи само 25 калории на 100 грама. Од таа причина тиквата е една од главните намирници за сите оние, што внимаваат на својата фигура. Покрај тоа тиквата исто така го снабдува организмот со витамини, минерали и влакна, што даваат чувство на ситост.

Punc od tikva i portokal-Recept idei-bellakujna

Кога е ладно и јас сакам одвреме-навреме да се напијам чаша пунч или нешто слично. Меѓутоа често пати баш и не ми се допаѓа нивниот вкус. Сигурно претпоставувате што би можело да следи. Секако дека станува збор за креирање на нов пунч по мој вкус.

Денес сакам да Ви го претставам резултатот, а тоа е уникатен пунч со одличен вкус.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Punc od tikva i portokal-Recept-bellakujna

Пунч од тиква и портокал

Пунч со убав вкус на тиква, ликер и сок од портокал, совршена комбинација со одличен вкус заокружен со фина арома на ванила и цимет. 
Сподели
Припрема 40 minutes
Вкупно 40 minutes
Порции: 6 Чаши
Јадење: Топли пијалоци
Потекло: Германија
Калории: 136.3kcal

Состојки
  

  • ½ л бело вино (суво)
  • 100 мл ликер од портокал
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 1 мешун од ванила (замена ванилин шекер)
  • 1 стапче цимет
  • 40 г кандиран шеќер (замена кафен шекер)
  • 500 мл сок од портокал
  • 200 г тиква (сорта батернат)

Подготовка
 

  1. Излупете ја тиквата и исечете ја на мали парчиња. Ставете ги парчињата тиква во мало тенџере, додајте го кандираниот шеќер и 300 мл од сокот од портокал. Кога ќе зовријат варете ги околу 20 минути сѐ додека парчињата тиква не омекнат.
    200 г тиква, 40 г кандиран шеќер
  2. Ставете ја смесата во блендер, додадете ги и преостанатите 200 мл сок од портокал и изблендајте ги сите состојки дур не добиете хомогена течна маса.
  3. Сипете го виното во големо тенџере и додадете ги останатите состојки: сок од лимон, ликер од портокал, ванила, стапче цимет и течната маса од тиква. Можете да додадете и 2-3 кришки портокал. Измешајте сè заедно и прокувајте ја добиената течност. Едноставно кажано, ставете сè во тенџере и добро загрејте.
    ½ л бело вино, 100 мл ликер од портокал, 1 лажичка сок од лимон, 1 стапче цимет, 1 мешун од ванила
  4. Сервирајте го вкусниот пунч во чаши со кришка портокал, послужете и уживајте.
    Punc od tikva i portokal-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Пунч од тиква и портокал
Количина по порција
Калории
136.3
% Дневна вредност*
Масти
 
0.3
g
0
%
Јаглехидрати
 
17.4
g
6
%
Протеини
 
1.4
g
3
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

Вашето семејство или гости ќе ги послужите со прекрасен пунч што го карактеризира уникатна разновидност на вкусови.

Punc od tikva i portokal-Zimski napitok-bellakujna

На здравје 🥂

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

  1. Топло чоколадо ала на шварцвалд торта со вишни
  2. Чоколадни sвезди со крем од кикиритки
  3. Колачиња co кисела павлака
  4. Торта од пудинг, кекс и банана
  5. Чоколадни макарони со карамелизирано јапонско јаболко

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.