Подобрувач на здравјето со цимет и куркума по стар рецепт од баба ми.
Денешниот рецепт е од баба ми и овој магичен крем се користи и денес во целото семејство за во борба против опасни заболувања, како на пример против „машкиот“ грип ;-).

Деновиве и онака сакав да подготвам една тура од кремата. Во меѓувреме ми дојде идеја да додадам одредени состојки и со тоа само да ја зголемам листата на здрави состојки.
Притоа мора да напоменам дека пред неколку децении, баба ми не знаела за ѓумбир, но да знаела сигурно дека би го користела. Истото важи и за куркумата.
Ѓумбир
Во последниве неколку години, ѓумбирот е сѐ попопуларен и тоа со право.
Ѓумбирот е една од најздравите намирници во светот и веќе илјадници години се користи како природен лек. Покрај неговиот лут вкус долга е листата на придобивки за нашето здравје и тоа е она што го прави да биде вистинска здравствена бомба.
За здравите дејства што ги има ѓумбирот може да се напишат многу страници, меѓутоа за да не должам многу сакам само да Ви дадам преглед на најважните карактеристики:
- Ѓумбирот го потпомага варењете на храната.
- Ги ублажува воспаленијата благодарение на етеричните масла што ги содржи.
- Исто така заради етеричните масла тој има и антибактериско дејство.
- Ѓумбирот ја подобрува концентрацијата.
- Го намалува нивото на холестерол.
- Ги ублажува болките во зглобовите, без оглед дали се предизвикани од ревматизам, остеоартритис или обично преоптоварување.
- Го намалува шеќерот во крвта
- Штити од гастритис
- Може да се употреби при појава на габични инфекции
- Помага при мачнина
- Многу е ефикасен при појава на настинки и е важен сегмент за добар имунолошки систем
- Го штити црниот дроб
- Може да го попречи растот на канцерните клетки
- Значи толку многу добри причини редовно да консумирате ѓумбир.

Куркума
Куркумата потекнува од Јужна Азија и таму веќе илјадици години се користи како зачин и лек. Жолтиот корен припаѓа на семејството ѓумбир, со тоа што не е толку лут како ѓумбирот, туку има само пикантна нота.
Куркумата содржи етерични масла како и полифенол куркумин. Двете состојки значително придонесуваат и куркумата да има влијание во процесот на оздравување, но и за подобрување на општата здравствена состојба.
Како и со ѓумбирот погоре еве само еден краток преглед на најважните својства на куркумата:
- Куркумата има антиинфламаторно дејство.
- Куркумата има антиоксидативно дејство и игра улога во неутрализирањето на слободните радикали.
- Куркумата го намалува ризикот од заболувања на мозокот.
- Куркумата го намалува ризикот од срцеви заболувања.
- Куркумата може да ја спречи појавата на рак.
- Куркумата му делува благотворно на желудникот.
Значи исто така доста добри причини почесто да конзумирате куркума.
И сега конечно да прејдам на рецептот.
Информации за состојките
За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.
Рецепт
Состојки
Подготовка
- Измијте ги лимоните и заедно со кората исечете ги на парчиња. Излупете ги ѓумбирот и куркумата и нив исечете ги на парчиња.3 лимони, 100 гр ѓумбир, 30 гр куркума

- Ставете ги парчињата лимон, ѓумбир и куркума во блендер и оставете ги да се сомелат сѐ додека не добиете добро смелена смеса.

- Во еден сад сипете го медот и штотуку смелените состојки и убаво измешајте.500 гр мед

- Потоа додатете ги мелените ореви и циметот и уште еднаш промешајте.100 гр ореви, 1 лажичка цимет

- Со тоа здравиот крем со одличен вкус е веќе готов.

Нутриент
Забелешка
Нашиот Инстаграм
Заследете @bellakujna!Со приготвениот крем ќе го воодушевите Вашете семјство, бидејќи тој не само што е полн со здрави состојки, туку има и сензационален вкус.

Добро здравје
Ако ви се допадна мојот рецепт, имам уште соодветни идеи на рецепти за вас:
- Пијалок од ананас и јаболков оцет
- Паста од мед и лимон со суво овошје
- Појадок од соино млеко и овесни снегулки
- Брокула со пржен зеленчук и сусам
- Дип од моркови и лук
Пријатен ден ви посакува Бела Кујна









Оставете Одговор