Здрав, освежителен и превкусен пијалок.
Во денешно време сите повеќе или помалку се обидуваме да се храниме здраво. Затоа сакам да Ви претставам еден здрав и зачудувачки вкусен пијалок.

Ананас
Ананасот не само што има одличен вкус, туку и го снабдува нашиот организам со бројни минерали и хранливи материи. Ананасот меѓу другото содржи калциум, калиум, магнезиум, манган, фосфор, железо, јод и цинк.
Ананасот е овошје што идеално може да му потпомогне на нашиот метаболизам при процесот на деацидификација т.е. откиселување. Поради минералите што ги содржи тој помага во регулирање на киселинско-базната рамнотежа во организмот.
Луѓето коишто имаат големо количество на киселини во организмот, а исто така се и психички „скиселени“ често се склони да реагираат агресивно или раздразливо. Ананасот е вистински подобрувач на расположението и ни помага да реагираме смирено.
Јаболков оцет
Да му се осврнеме уште и на јаболковиот оцет. Тој пред сè помага при варење на храната, на тој начин што го стимулира создавањето на дигестивни сокови. Маринадите за месо или зеленчук направени од јаболков оцет го прават местото т.е. салатите да бидат помеки/поблаги и полесно сварливи.
Од една страна киселината во желудникот често се подобрува, а од друга страна при запек/остипација неодењето во тоалет нема да трае долго. Посебно варењето на мастите и јаглехидратите се оптимизира со помош на јаболковиот оцет, па затоа т.н. согорувач на маснотии е составен дел од бројни диети и лекови за прочистување.
За дијабетичарите, регулирањето на нивото на шеќер во крвта е дел од секојдневието. Јаболковиот оцет има позитивно влијание врз нивото на шеќер во крвта и затоа може да се употреби наменски доколку постои соодветен проблем.
Во некои студии утврдено е дека јаболковиот оцет има и позитивно влијание врз холестеролот.

Мед
Истото важи и за третата состојка во денешниот рецепт, а тоа е медот. Медот исто така го намалува нивото на холестерол и има позитивно влијание врз нивото на липиди во крвта. А фактот дека медот благодарение на многуте антиоксиданси, што ги содржи, влијае позитивно и на срцето и крвниот притисок, веќе го објаснив во низа други рецепти како на пример во „Магичен напиток“.
Значи за денес имаме комбинација од три здрави состојки и затоа резултатот не може да биде поинаков освен превкусен напиток.
Информации за состојките
За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.
Рецепт
Состојки
Подготовка
- Потребни се само 3 состојки.250 мл сок од ананас, 1 лажица јаболков оцет, 1 лажица мед

- Ставете ги состојките во подлабока чаша или во карафа и мешајте сѐ заедно додека не се раствори медот. Готово!

Нутриент
Нашиот Инстаграм
Заследете @bellakujna!Уживаjте во здрав и апсолутно превкусен пијалок.

На здравје 🥂
Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:
- Крем од лимон, ѓумбир и мед
- Паста од мед и лимон со суво овошје
- Појадок од соино млеко и овесни снегулки
- Брокула со пржен зеленчук и сусам
- Штрудла од тиква, јаболка и брусница
Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.









Оставете Одговор