Паста од мед и лимон со суво овошје

Pasta od med i limon so suvo ovosje-Recept-bellakujna

Природна енергетска бомба со одличен вкус.

Од разговорите со пријатели и роднини како и од комуникацијата со моите читатели, можев да забележам дека интересот за здрава исхрана и здрави намирници расте сè повеќе и повеќе. Па така врз основа на овие разговори, уште еднаш се одлучив да го искористам знаењето на мајка ми за природни лекови. Таа можеше да се присети на една паста направена од суво овошје.

Pasta od med i limon so suvo ovosje-Zdrava hrana-bellakujna

Во мојот рецепт „Крем од лимон, ѓумбир и мед“ веќе Ви презентирав еден рецепт за јакнење на имунитетот. Ако го споредиме денешниот рецепт и претходно спонеменатиот веднаш ќе забележиме дека и во двата рецепта има мед. Од една страна, медот е одлична супстанца за хомогено комбинирање на состојките, а од друга страна медот е неверојатно здрав и затоа не треба да изостане во ниту еден рецепт за здрава храна.

Суво овошје

За секое суво овошје важи следното: При процесот на сушење доаѓа до губење на количината на вода и како резултат на тоа значително се зголемува нивото на фруктоза. Од таа причина сувото овошје има висока енергетска вредност и содржи многу витамини и минерали.

Суви смокви

Смоквите  бидејќи содржат голема количина на минерали и витамини можат да допринесат за намалување на заморот и подобрување на слабата концентрација. Покрај тоа тие содржат и голем број на влакна и  благодарение на тоа можат да помогнат при поблага форма на запек и веќе илјадници години се користат за таа намена. Смоквите имаат и антибактериско дејство и можат да го стимулираат метаболизмот.

Суви кајсии

Кајсиите и онака се многу здрави, меѓутоа во сушена форма нивото на хранливи материи е поголемо за 5 пати. Сувите кајсии содржат многу важни витамини и минерали: Витамин А што е важен за видот, коските, кожата и слузокожите, витамин Б5 што ја подобрува концентрација и го стимулира метаболизмот, витамин Ц што меѓу другото го зајакнува имунитетот, калиумот го регулира крвниот притисок и растот на клетките, железото е важно за имунитетниот систем и енергетскиот метаболизам.

Кајсиите за да ја задржат својата прекрасна боја, но и да траат подолго за жал најчесто се третирани со сулфати. Доколку пак не се третирани со сулфати тогаш тие можат да се најдат во продажба како органско сушено овошје, само што нивниот изглед е променет и тие имаат темно кафена боја.

Pasta od med i limon so suvo ovosje-Zdrava ishrana-bellakujna

Суви урми

Урмите содржат многу шеќер и од таа причина имаат и висока калорична вредност. Тоа им го донесе прекарот „пустински леб“. Диетални влакна, минерали како калиум, калциум и магнезиум, како и многу витамини од групата Б се состојките, коишто од урмите прават здрави слатки. Урмите освен тоа содржат и голема количина на триптофан, којшто важи за подобрувач на расположението, па затоа ако изедете 3 урми пред спиење, бидете сигурни дека Ве чека добар сон.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Pasta od med i limon so suvo ovosje-Recept-bellakujna

Паста од мед и лимон со суво овошје

Природна енергестска бомба со одличен вкус за зајакнување на имунитетот и подобрување на општата благосостојба.
Сподели
Припрема 30 minutes
Вкупно 30 minutes
Порции: 28 Порции
Јадење: Природни лекови
Потекло: Македонија
Калории: 59.2kcal

Состојки
  

Состојки за еднонеделна употреба за 2 лица
  • 250 гр мед
  • 3 лимони (органски)
  • 50 гр суви смокви
  • 50 гр суви урми
  • 50 гр суви кајсии
  • 50 гр ореви

Подготовка
 

  1. Исечете ги смоквите, урмите и кајсиите на мали парчиња. Излупете ги оревите и оставете ги цели доколку го преживеат процесот на лупење.
    50 гр суви смокви, 50 гр суви урми, 50 гр суви кајсии, 50 гр ореви
  2. Измијте еден лимон и исечете го на мали парчиња.
  3. Исцедете ги другите два лимона.
  4. Ставете го сувото овошје и оревите во сецкач.
    50 гр суви смокви, 50 гр суви урми, 50 гр ореви, 50 гр суви кајсии
  5. Додадете го исцедениот сок од лимон и исечениот лимон и мелете ги состојките се додека не добиете хомогена маса. (Овошјето знае да биде лепливо и може да се залепи на страните од апаратот, затоа доколку е потребно отворете го капакот и со лажичка гурнете го залепеното овошје надолу во смесата).
    3 лимони
  6. Кога смесата ќе ја добие посакуваната конзистенција, ставете ја во сад и додадете го медот. Добро промешајте со дрвена лажица.
    250 гр мед
  7. Сипете ја готовата паста во теглички и чувајте ја во фрижидер.
    Pasta od med i limon so suvo ovosje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Паста од мед и лимон со суво овошје
Количина по порција
Калории
59.2
% Дневна вредност*
Масти
 
1.3
g
2
%
Јаглехидрати
 
11.1
g
4
%
Протеини
 
0.5
g
1
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

  1. Совет за употреба: Земете една супена лажица (дрвена) од пастата наутро и навечер 30 минути пред јадење.
  2. Сите производи што ги користев се со органско потекло, затоа не морав да ја лупам кората од лимон, меѓутоа секако дека може да ја излупите, доколку користите неоргански лимон.
  3. Наместо да користите сецкач, сувото овошје можете да го сомелете и со машина за мелење месо.
  4. Дозата што ја направив е за 2 лица за период од една недела. Доколку сакате приготвите поголема количина може да го искористите горенаведениот сооднос на состојките.
  5. Пастата може да се чува во фрижидер околу 14 дена. 

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

На Вашето семејство ќе му приготвите здравствен природна енергетска бомба со одличен вкус.

Pasta od med i limon so suvo ovosje-Lekovita krema-bellakujna

Ви посакуваме добро здравје!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.