Додадете го исцедениот сок од лимон и исечениот лимон и мелете ги состојките се додека не добиете хомогена маса. (Овошјето знае да биде лепливо и може да се залепи на страните од апаратот, затоа доколку е потребно отворете го капакот и со лажичка гурнете го залепеното овошје надолу во смесата).
3 лимони
Кога смесата ќе ја добие посакуваната конзистенција, ставете ја во сад и додадете го медот. Добро промешајте со дрвена лажица.
250 гр мед
Сипете ја готовата паста во теглички и чувајте ја во фрижидер.
Нутриент
Нутритивни факти
Паста од мед и лимон со суво овошје
Количина по порција
Калории
59.2
% Дневна вредност*
Масти
1.3
g
2
%
Јаглехидрати
11.1
g
4
%
Протеини
0.5
g
1
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.
Забелешка
Совет за употреба: Земете една супена лажица (дрвена) од пастата наутро и навечер 30 минути пред јадење.
Сите производи што ги користев се со органско потекло, затоа не морав да ја лупам кората од лимон, меѓутоа секако дека може да ја излупите, доколку користите неоргански лимон.
Наместо да користите сецкач, сувото овошје можете да го сомелете и со машина за мелење месо.
Дозата што ја направив е за 2 лица за период од една недела. Доколку сакате приготвите поголема количина може да го искористите горенаведениот сооднос на состојките.
Пастата може да се чува во фрижидер околу 14 дена.