Состојки
Подготовка
- Измијте ги лимоните и заедно со кората исечете ги на парчиња. Излупете ги ѓумбирот и куркумата и нив исечете ги на парчиња.3 лимони, 100 гр ѓумбир, 30 гр куркума

- Ставете ги парчињата лимон, ѓумбир и куркума во блендер и оставете ги да се сомелат сѐ додека не добиете добро смелена смеса.

- Во еден сад сипете го медот и штотуку смелените состојки и убаво измешајте.500 гр мед

- Потоа додатете ги мелените ореви и циметот и уште еднаш промешајте.100 гр ореви, 1 лажичка цимет

- Со тоа здравиот крем со одличен вкус е веќе готов.

Нутриент
Забелешка
Најдобро е да конзумирате по една лажица од кремот наутро пред појадок, или пак по една лажичка и наутро и навечер.
