Состојки
Подготовка
- Измијте ја тиквата, исечете ја на четвртини, отстранете ги семките и потоа излупете ја.

- Исечете ја тиквата на мали парчиња дебели околу 3 мм.

- Измијте го магдоносот, оставете го нека се исцеди и потоа и исечкајте го ситно.

- Во еден сад ставете ги парчињата тиква и додадете две лажици маслиново масло, 1 лажица магдонос и зачините (½ вегета, ½ лажичка сол и ½ лажичка бибер) и промешајте сѐ заедно, маринирајте. Покријте го садот и оставете го настрана околу 30 минути.

- Преостанатиот дел од маслиновото масло сипете го во тава, додадете ги њоките и пржете ги на средна температура се додека не добијат златно-кафеава боја. Додадете ги останатите зачини и измешајте.

- Во исто време, загрејте втора тава, по можност ребраста тава (така парчињата од тиква добиваат изглед како да се печени на скара), и пропржете ги исечените парчиња тиква од двете страни.

- Кога парчињата тиква ќе бидат готови додадете ги во тавата со њоките и измешајте.

- Додајте го преостанатиот магдоносот и добро промешајте.

- Сервирајте ги готовите њоки со вкусно зачинетата тиква и послужете.

Нутриент
Забелешка
Како што споменав на почетокот, кога се готви тиква секогаш има еден дел што ќе остане. Него може одлично да го искористите за Бомбици од тиква и лешници.
