Go Back
–+ servings

Полнети пиперки со бел грав

Полнети пиперики со бел грав, многу стар рецепт што и ден денес инспирира благодарение на филот со одличен вкус и свежината на пиперките.
Сподели
Припрема 30 minutes
Печење 30 minutes
Вкупно 1 hour
Порции: 2 Порции
Јадење: Главни Јадења
Потекло: Македонија
Калории: 751.4kcal

Состојки
  

  • 2 пиперки (црвена и жолта)
  • 330 г бел грав (од тегла)
  • 1 морков
  • 1 кромид
  • 1 пиперче
  • 100 г сланина (исечкана на коцки)
  • 130 г сирење (фета)
  • 3 лажици магдонос (исечкан)
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка брашно
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка бибер
  • 1 ½ лажичка вегета
  • 3 лажици масло за пржење

Подготовка
 

  1. Можете да употребете и грав што сами ке го сварете. Гравот потопете го во вода од навечер (да одстое преку ноќ). Другиот ден фрлете ја водата и додадете нова вода. Сварете го гравот, меко.
    330 г бел грав
  2. Излупете го морковот и исечете го на мали парчиња. Излупете го кромидот и исечете ги на мали коцки. Излупете ги чешнињата лук и исечете ги на ситни парчиња.
    1 морков, 1 кромид, 2 чешниња лук
  3. Пиперчето пресечете го на пола, извадете ги семките и исечете го на ситни парчиња.
    1 пиперче
  4. Измијте го магдоносот и исечкајте го ситно.
    3 лажици магдонос
  5. Изрендајте го сирењето.
    130 г сирење
  6. Измијте ги пиперките, преполовете ги и извадете ги семките. Кога ги сечете на половина, исечете ја дршката на средина, за течност да не може да истече подоцна.
    2 пиперки
  7. Исцедете го гравот во цедалка, но не ја фрлајте течноста.
  8. Кромидот и морковот пропржете ги во тава со малку масло се додека кромидот не стане стаклест (жолтеникав).
  9. Потоа додадете го пиперчето и лукот и пропржете уште малку.
  10. Додадете ја сланината и пржете уште малку.
    100 г сланина
  11. Додадете го исцедениот грав и 200 мл вода во тавата и промешајте.
  12. Го додавате и брашното и промешувате.
    1 лажичка брашно
  13. Зачинете со сол, бибер и 1 лажичка вегета.
    ½ лажичка сол, 1 лажичка бибер, 1 ½ лажичка вегета
  14. Додајте го магдоносот и добро измешајте. Тргнете ја тавата од шпоретот.
  15. Загрејте ја рерната на 220°C (рерна со вентилација 200°C).
  16. Половинките од пиперките ставете ги во тава обложена со хартија за печење. Посолете го внатрешниот дел од пиперките со преостанатaта вегета.
  17. Наполнете ги пиперките со филот од грав.
  18. Рамномерно распоредете ја фетата врз гравот и потоа ставете ја тавата во загреана рерна да се пече 30 минути.
  19. Кога јадењето ќе биде готово, извадете ја тавата од рерна, декорирајте и послужете.

Нутриент

Нутритивни факти
Полнети пиперки со бел грав
Количина по порција
Калории
751.4
% Дневна вредност*
Масти
 
43.1
g
66
%
Јаглехидрати
 
47.8
g
16
%
Протеини
 
33.8
g
68
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

  1. Ако сакате вегетаријанска варијанта, едноставно изоставете ги коцките сланина.
  2. Доколку пак сте љубители на познатата верзија „Печен грав“ (Baked Beans) при пржење на зеленчукот додадете сос од домати, а потоа додате го гравот во тавата и продолжете со останатите чекори од рецептот.
 

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!