Мармалад од домати со портокал

Marmalad od domati so portokal-Recept-bellakujna

Вистински деликатес направен од свежи Домати и портокал.

Мармалад направен од свежи домати е еден прекрасен деликатес. Дали за појадок, како дип со салати и леб или како вкусна закуска помеѓу оброци. Овошниот вкус на доматот и дава како на топлата така и на ладната храна зачинета слатка нота. Мармаладот од домати совршено се вклопува со пржени зеленчуци, кари, киш или повеќе видови јадења со ориз.

Marmalad od domati so portokal-Djem-bellakujna

Мармаладот може да се користи и како дип за раклети или фонду уживања. Црвениот намаз може да се искористи за рафинирање на сосови или како класичен начин да се намачка на парче леб.

Пред да направите мармалад, треба да се донесе одлука. Ако сакате класично сладок мармалад како намаз за појадок и за печење, користете шеќер за желирање 1:1, за помалку слатка варијанта за солени јадења или дипови користите шеќер за желирање 2:1, можете дури и 3:1.

Домати

Кај нас во Македонија доматите се доволно распространети, така да ако во градината има голем број растенија од домати, може да се случи значителни количини да созреат во исто време. Некои домати тогаш се презрели или не се толку привлечни, но сепак нема фрлање. Затоа уште во времето на баба ми имало разни рецепти за користење на остатоци на храна. Се разбира дека можноста за употреба на доматите е исто така голема.

Marmalad od domati so portokal-Namaz-bellakujna

Една од можностите да се искористат многу зрелите домати е и мармаладот од домати. Во еден или друг пост, веќе споменав дека сум голем обожавател на складирање храна. Затоа секогаш сум среќна кога можам да направам мармалад. Мармаладот направен од домати е нешто несекојдневно и затоа семејството и пријателите секогаш уживаат во него.

Во овој контекст, се сеќавам на едно многу вкусно и многу слатко јадење од моето детство. Мајка ми правеше слатко со мали, цели зелени домати. Беше прекрасно. Но кога таа го направи мармаладот од црвени домати, бевме сите одушевени.

Но доста е со спомени, сега ке куваме мармалад од домати рафиниран со портокал.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Marmalad od domati so portokal-Recept-bellakujna

Мармалад од домати со портокал

Мармалад од домати со портокал носи свежина и размена во менито и одговара перфектно со многу јадења.
Сподели
Припрема 40 minutes
Вкупно 40 minutes
Порции: 1 Порциа 30 г
Јадење: Зимници, Мармалад
Потекло: Македонија
Калории: 64.7kcal

Состојки
  

Состојки за 5-6 тегли од 230 ml
  • 900 г домати (зрели)
  • 100 мл ликер од портокал
  • 100 мл сок од портокал (1 голем портокал, свежо исцеден)
  • 1 кг шеќер за желирање 1:1 (или замена 1 кг шекер и 1 Гелфикс Екстра 1:1 од Dr. Oetker)
  • 1 кора од портокал (органски)
  • 1 лимон

Подготовка
 

  1. Излупете ги доматите (како го правам тоа лесно и брзо без врела вода, ќе научите во белешката).
    900 г домати
  2. Излупените домати пресечете ги на четири дела, отстранете ја дршката и грубо исецкајте ги.
  3. Ставете ги парчињата домати во блендер и испасирајте ги фино. Исто така, можете да ги ставете во повисоко тенџере и да ги испасирате со рачен блендер.
  4. Исцедете го доматното пире низ цедалка во едно повисоко тенџере (треба да добиете 700-800 г пире).
  5. Измијте еден органски портокал, изрендајте ја кората, a потоа исцедете го сокот (ако портокалот е мал и не можете да добиете 100 мл сок, тогаш исцедете уште еден портокал).
    100 мл сок од портокал, 1 кора од портокал
  6. Исцедете го лимонот.
    1 лимон
  7. Додадете ги сокот и кората од портокал, сокот од лимон, ликерот и шеќерот за желирање во тенџерето со домати и ставете да се варат..
    900 г домати, 100 мл ликер од портокал, 100 мл сок од портокал, 1 кг шеќер за желирање 1:1, 1 кора од портокал, 1 лимон
  8. Подгответе ги теглите за мармалад, така што ке ги наполнете со врела вода за да се стерилизираат.
  9. Кога ке почнат доматите да вријат, оставете ги уште 3-4 минути да се варат, но морате постојано да ги мешате.
  10. Потоа направете тест за желирање, земете една лажица од мармаладот што се кува и ставете во ладен тањир. Тогаш мармаладот треба да желира релативно брзо. Ако не, оставете да поврие уште една до две минути и направете уште еден тест. Ако тестот за желирање успеал, тргнете го садот од шпоретот.
  11. Истурете ја водата од теглите, внимателно затоа што се врели, и напунете ги со мармалад. Затворете ги добро и завртете ги теглите наопаку за 5-10 минути. Потоа вратете ги во нормална положба и оставете да се оладат.
  12. И веќе е подготвен еден посебно рафиниран мармалад. Можете да го послужете и да уживате во неговиот префинет вкус.
    Marmalad od domati so portokal-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Мармалад од домати со портокал
Количина по порција
Калории
64.7
% Дневна вредност*
Јаглехидрати
 
15.9
g
5
%
Протеини
 
0.1
g
0
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

  1. На многу луѓе не им се допаѓа лушпата на доматите бидејќи таа сеуште е присутна во садот, па дури и по пирирањето. Затоа, препорачливо е да ги излупите доматите. Не користам врела или ладна вода. Користам мал нож, така да со рамното сечило, со мало притискање ја стругам кората од доматот. Така лесно се одвојува лушпата од месото. Со стругањето со ножот, лушпата на доматот ја менува бојата, потемнува и така лесно може да се виде каде поминал ножот и каде лушпата е веќе готова да се одвое од месото на доматот. Потоа исечете ја дршката и излупете ја лушпата едноставно и лесно. Лесно, брзо, заштеда на енергија и вода. Колку повеќе се зрели доматите, толку е полесно и побрзо.
  2. Ако сакате мармалад без алкохол, или имате мали деца, тогаш ликерот од портокал можете да го замените со сок од портокал.
  3. Ако правете мармалад со шекер и Гелфикс Екстра 1:1, тогаш прво ке ги измешате шекерот и фиксот па ке ги ставете во тенџерето со домати.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

Вие му служите на семејството посебен мармалад со една голема спектакуларна арома и одличен вкус.

Marmalad od domati so portokal-Recept idei-bellakujna

Уживајте при подготвувањето и добар апетит!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.