Мешана салата во тегла

Mesana salata vo tegla-Recept-bellakujna

Многу вкусна салата за различни прилики, што трае долго.

Според Википедија мешаната салата е пикантен гарнир што потекнува од Источна Индија, а направена е од разни видови зеленчук кои се конзервираат со помош на лут оцет.

Mesana salata vo tegla-Zimnica-bellakujna

Мешаната салата е здрава

Здрава е затоа што претставува шарена мешавина од зеленчук, полн со хранливи материи. На пример калиумот содржан во карфиолот делува превентивно за срцето. Морковот, но и останатиот зеленчук, се полни со растителни влакна. Еден од нив е пектинот, што прави да се чувствуваме сити подолго време и е добар за варење на храната. Растителниот пигмент бета-каротин што е составен дел од морковите им ја дава убавата портокалова боја, а за нас е важен за убав тен на кожата. Портокаловата боја исто така придонесува зимницата да изгледа многу привлечно.

Мешана салата како зимница

Мешаната салата е особено погодна за складирање за подолг временски период. Оваа година на балкон имав неколку саксии со домати и навистина уживавме во бербата на нашите сопствени домати.

Заради убавото време во октомври и ноември, дури сега ги набравме и притоа имавме голем број зелени домати. Во таков случај има две опции: или да ги оставите зелените домати да созреат или мора да ги преработите. Јас се решив за втората варијанта и од нив подготвив поголема количина мешана салата така што на крајот ми излезегоа прилично голем број на тегли зимница.

Мешаната салата во македонската кујна

Мешаната салата многу често се служи со чорби и печени јадења, бидејќи за нив таа е многу добар прилог. Киселкоста од салатата одлично се надополнува со интензивните ароми на одредени јадења како што е на пример Тавче Гравче.

Салатата е исто така многу популарна и како мезе. Мешаната салата може да се опише како зимска верзија на селската салата. Кога ќе дојдат гости, послужете салата и ракија и светот веднаш станува поубав 😉

Mesana salata vo tegla-Zimska salata-bellakujna

Салатата исто така, се служи и како предјадење за време на празници, родендени, имендени, крштевки итн.

Мешаната салата е многу популарна, бидејќи претставува универзално јадење за сите прилики. Таа знае да биде толку разноврсна што во секое македонско домаќинство може да уживате во малку подизменета верзија.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Mesana salata vo tegla-Recept-bellakujna

Мешана салата во тегла

Салата полна со здрави состојки  и одличен вкус, може разноврсно да се употреби.
Месенџер Сподели
Припрема 1 hour
Вкупно 1 hour
Порции: 36 Порции
Јадење: Зимници
Потекло: Македонија
Калории: 103.1kcal

Состојки
  

Состојки за 12 тегли од 370 мл
Количината на зеленчук се однесува на исчистен зеленчук.
  • 1 кг зелени домати
  • 1 кг карфиол
  • 1 кг моркови
  • 500 г кромид
  • 500 г пиперки (црвени и жолти)
  • 350 мл оцет
  • 200 мл сончогледово масло
  • 200 кг суров шеќер од трска (алтернативно бел шеќер)
  • 150 г сол
  • 1 лажица бибер (во зрна, околу 5-6 грама)

Подготовка
 

  1. Излупете ги морковите и исечете ги на парчиња дебели 4-5 мм.
    1 кг моркови
  2. Измијте ги доматите, исечете ги најпрвин на половина, а потоа на резанки. Се разбира, големината на парчињата зависи од големината на доматот; парчињата треба да бидат со големина на залак.
    1 кг зелени домати
  3. Измијте го карфиолот и исечете го на мали парчиња.
    1 кг карфиол
  4. Исечете го кромидот на прстени, зависност од големината, половинки или четвртинки.
    500 г кромид
  5. Измијте ги и излупете ги пиперките и исечете ги на парчиња со големина на залак.
    500 г пиперки
  6. Во големо тенџере (7-8 литри) додадете оцет, масло, сол, бибер и шеќер. Измешајте сè заедно и оставете ја течноста да зоврие.
    350 мл оцет, 200 мл сончогледово масло, 200 кг суров шеќер од трска, 150 г сол, 1 лажица бибер
  7. Штом ќе почне да врие, додадете ги морковите и оставете ги да се поварат.
    1 кг моркови
  8. Потоа додадете го карфиолот и промешајте. Повторно оставете го да зоврие.
    1 кг карфиол
  9. Следно нешто што ќе додадете се доматите. Добро промешајте и повторно оставете го да зоврие.
    1 кг зелени домати
  10. Додадете ги пиперките и измешајте.
    500 г пиперки
  11. На крај додадете го кромидот и промешајте. Оставете ја смесата повторно да зоврие.
    500 г кромид
  12. Потоа оставете го тенџерето на страна, со дрвена лажица малку притиснете го зеленчукот надолу, така што течноста целосно да го покрие зеленчукот, поклопете го тенџерето и оставете го да се олади.
  13. Кога смесата ќе се олади по неколку часа, измешаната салата се полни во тегли. Се полнат теглите прво со зеленчук, а потоа се преливаат со пресолта, така што зеленчукот ќе биде целосно покриен. Затворете ги теглите цврсто со капачињата.
  14. Чувајте ги теглите на ладно и уживајте во вкусната и здрава зимница.
    Mesana salata vo tegla-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Мешана салата во тегла
Количина по порција
Калории
103.1
% Дневна вредност*
Масти
 
5.7
g
9
%
Јаглехидрати
 
9.9
g
3
%
Протеини
 
1.6
g
3
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Video

Забелешка

  1. Зелените домати, што ги користев не се секогаш достапни и затоа може да се заменат на пр. со мали краставички т.е. корнишони.
  2. Зимската салата секако дека може да се подготви и во помали количини и да се ужива откако ќе се излади. На пример, како салата за забави, може да ја подготвите и ден претходно.
  3. Односот на состојките може да се менува според вашите сопствени лични желби и потреби. Она што е сигурно е дека секогаш ќе добиете одличен коктел полн со здрави состојки. 

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

На Вашето семејство или на гостите ќе им послужите салата со одличен вкус и полна со здрави состојки.

Mesana salata vo tegla-Zdrava hrana-bellakujna

Уживајте при готвењето и добар апетит!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.