Мармалад од јаболко, круша и ѓумбир

Marmalad od jabolko, krusa i gumbir-Recept-bellakujna

Одличен џем со децентна пикантност и прекрасен вкус.

Ако имате неодолива желба за џем со одличен вкус кој бара малку работа, што се подготвува брзо и што ги инспирира сите, тогаш денес го имам вистинскиот џем за вас: џем од јаболка, круша и ѓумбир.

Marmalad od jabolko, krusa i gumbir-Djem-bellakujna

Џем

Кувањето џем не е само забавно, туку е и брзо и некомплицирано. За разлика од готовите производи, сами можете да одлучите што треба да биде вклучено во вашиот џем и да ги комбинирате состојките по желба.

Рециклирање на остатоци

Денешниот рецепт, исто така, лесно може да се стави во категоријата „рециклирање на остатоци“. Имавме неколку круши, кои беа доста стари и не многу убави, но совршени за џем. За да го комплетирам рецептот, додадов и неколку јаболка, а останатите состојки можете да ги најдете во рецептот.

Marmalad od jabolko, krusa i gumbir-Namaz-bellakujna

Мармалад

Во мојот претходен рецепт за мармалад користев алкохол, како што е џемот од Мармалад од домати со портокал. Денес го заменив алкохолот со ѓумбир. Ѓумбирот е една од најздравите намирници во светот и се користи илјадници години како природен лек. Повеќе информации за ѓумбирот можете да дознаете во постот Чиста лековита моќ на ѓумбирот.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Marmalad od jabolko, krusa i gumbir-Recept-bellakujna

Мармалад од јаболко, круша и ѓумбир

Одличен џем со прекрасен вкус и децентна пикантност.
Припрема 30 minutes
Вкупно 30 minutes
Порции 7 Тегли
Калории за 1 Порција 57.9

Состојки
  

Состојки за 7 тегли 230 мл

  • 400 гр круши (излупени)
  • 600 гр јаболка (излупени)
  • 20 гр ѓумбир (рендан)
  • 2 лимети (сок)
  • 1 кг шеќер за желирање 1:1 (или замена 1 кг шекер и 1 Гелфикс Екстра 1:1 од Dr. Oetker)

Подготовка
 

  • Излупете ги јаболките и крушите и исечете ги на мали парчиња. Треба да мерат 1000 гр.
    400 гр круши, 600 гр јаболка
  • Излупете го ѓумбирот и ситно изрендајте го.
    20 гр ѓумбир
  • Исцедете ги лиметите.
    2 лимети
  • Ставете ги парчињата овошје во високо тенџере. Додадете ги ренданиот ѓумбир, шеќерот и сокот од лиметите.
  • Измешајте се заедно и оставете да зоврие.
  • Во меѓувреме, ја подготвувате потребната количина на тегли. (Јас подготовката ја правам на следниот начин, ставам врела вода во теглите, така да тие на тој начин се дезинфецираат и се доволно топли).
  • Кога смесата ќе почне да врие, оставете ја да врие уште 3-4 минути со постојано мешање. Пред крајот на варењето, со рачен миксер испирирајте ја смесата.
  • По истекот на времето, направете тест за желе, ставајќи лажица џем на мало тањирче. Смесата треба брзо да се згусте, ако тоа не е случај, оставете да се вари уште 1-2 минути.
  • Ако тестот за желе е успешен, џемот може да се истури во жешките тегли. Затворете со капачињата и ставете ги теглите наопаку, оставете ги да отстојат 5-10 мин. Потоа повторно превртете ги и оставете да се изладат.
  • Мармаладот од јаболко, круша и ѓумбир е подготвен и може да се служи.
    Marmalad od jabolko, krusa i gumbir-Serviranje-bellakujna
Јадење Мармалад
Потекло Германија

Информации за исхрана

Калории: 57.9kcal | Јаглехидрати: 14.1g | Протеини: 0.1g | Масти: 0.1g
Дали сте го пробале рецептот?Споменете го @bellakujna или користете го хаштагот #bellakujna!

Вие добивате прекрасен џем со посебен вкус. На парче леб или кроасан за добар почеток на денот или како додаток на торти и колачи.

Marmalad od jabolko, krusa i gumbir-Recept idei-bellakujna

Добар апетит и забавувајте се испробувајќи го овој рецепт!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам уште соодветни идеи на рецепти за вас:

  1. Мешана салата во тегла
  2. Песто со босилек, нане и ореви
  3. Фитнес гоџи бери бар
  4. Топло чоколадо ала шварцвалд торта со вишни
  5. Чизкејк со мармалад од домати

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.