Лосос и зеленчук од скара или од рерна

Paketcinja so losos i zelencuk od skara ili od rerna-Recept-bellakujna

Здрав и нежен начин на подготовка на вкусна риба.

Дали барате алтернативен начин за подготовка на здрава и сочна риба? Што подалеку од препечување на скара или во рерна, се работи за здрав и вкусен начин на подготовка. Ако тоа го барате, треба да читате понатаму. Денеска би сакала да ви покажам начин на подготовка што може да се користи и на скара и во рерна.

Paketcinja so losos i zelencuk od skara ili od rerna-Glavni jadenja-bellakujna

Подготовка во пакетчиња

Пакувате во пакетче, печете во рерна или на скара и послужувате? Дали е тоа можно? Да, тоа функционира навистина добро. Едноставно измешајте ги потребните состојки, спакувајте ги и ставете ги во рерна или на скара и потоа по желба послужете ги со пакетчето. Не само што изгледа интересно, туку и има неверојатен вкус. Со овој тип на подготовка, сите здрави состојки и сите вкусови остануваат во пакетчето и потоа завршуваат во нашата чинија.

Вкусен лосос

Лососот се смета за здрав. Особено затоа што е богат со омега-3 масни киселини. Меѓу другото, се вели дека тие го намалуваат нивото на холестерол и спречуваат срцев удар. Здруженијата за здрава исхрана препорачуваат порција лосос или друга масна риба еднаш неделно.

Кога сме кај здравата риба сакам да предложам уште еден вкусен рецепт: Лосос филе во крем сос со вино. Врз основа на овој посебен рецепт, би сакала да ве запознаам со уште една трендовска варијанта на јадење со лосос, имено, апсолутно одличните Полнети јајца со лосос и колбас.

Paketcinja so losos i zelencuk od skara ili od rerna-Zdravi jadenja-bellakujna

Магдонос – повеќе од декорација

Многумина од нас го знаат магдоносот како гарнир на чинијата, обично дури и се остава да лежи наоколу. Можеби магдоносот е дури и најздравото нешто во чинијата. Но, сега, настрана шегата, многу луѓе не го доживуваат магдоносот како природен лек. Полн е со здрави состојки како ретко која друга билка. Магдоносот обезбедува вредни состојки како што се витамини од групата Б, витамин Ц, витамин Е, фолна киселина и каротиноиди. Содржи и минерали како што се калциум, магнезиум и железо.

Лук – лековито дејство

Благодарение на многуте секундарни растителни материи како што се полифенолите или сулфидите, лукот има особено здрав ефект врз липидите во нашата крв. Ова за возврат може да спречи срцеви заболувања. Лукот исто така може да го намали крвниот притисок. За ова е одговорен Алицинот што се содржи во главицата. Лукот делува и како природен антибиотик, ги уништува бактериите и со своите бројни антиоксиданси, го поттикнува целиот имунолошки систем да работи со полна брзина. Ајде да јадеме лук, а против мирисот ке ни помагне: магдоносот!

Paketcinja so losos i zelencuk od skara ili od rerna-Recepti za na skara-bellakujna

Чудотворниот лук можете да го најдете во безброј јадења овде во Бела Кујна, како што е брзото и вкусно јадење Макарони со модар патлиџан и лук или прекрасниот Дип од моркови и лук.

Но, сега дојдовме до готвењето, или во овој случај до печење во рерна или на скара.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.

Рецепт


Paketcinja so losos i zelencuk od skara ili od rerna-Recept-bellakujna

Лосос и зеленчук од скара или од рерна

Брз и здрав начин за подготовка на вкусна риба.
Сподели
Припрема 15 minutes
Печење 20 minutes
Вкупно 35 minutes
Порции: 2 Порции
Јадење: Главни Јадења, Риба
Потекло: Германско, Македонско
Калории: 492.4kcal

Состојки
  

  • 2 парчиња филе лосос (500 грама)
  • 2 млади кромидчиња
  • 2-4 чешниња лук
  • 1 пиперка (црвена)
  • 2 лажици свеж магдонос (сечкан)
  • 4 лажички маслиново масло
  • 1 лимон
  • 2 лажички морска сол (свежо мелена)
  • 1 лажичка црн бибер (свежо мелен)

Подготовка
 

  1. Филетите лосос измијте ги под млаз вода и исушете ги со кујнска хартија. Јас секое парче го поделив на два дела, а може да се ставе и цело парче, по желба.
    2 парчиња филе лосос
  2. Излупете и ситно исечкајте ги чешнињата лук.
    2-4 чешниња лук
  3. Пиперката измијте, преполовете, и исечете ја на ситни коцки.
    1 пиперка
  4. Младиот кромид исчистете, измијте, исушете и исечете го дијагонално на фини прстени.
    2 млади кромидчиња
  5. Измијте го лимонот и исечете го на тенки парчиња.
    1 лимон
  6. Измијте, сортирајте и ситно исечкајте го магдоносот.
    2 лажици свеж магдонос
  7. Кога го подготвувам лососот во рерна, ставам по едно парче хартија за печење, за секое пакетче. За подготовка на скара ми требаат и две парчиња алуминиумска фолија. Во овој случај, парче фолија се покрива со хартија за печење и потоа процесот продолжува како што е опишано подолу.
  8. Намачкајте го парчето хартија со една лажичка маслиново масло и покријте со четвртина од сечканиот зеленчук, зачинете со сол и бибер. Одозгора ставете го филето од лосос.
  9. Филето премачкајте го со една лажичка масло и распоредете ја втората четвртина од зеленчукот над лососот, посипете со магдонос и зачинете со сол и бибер.
  10. Наредете ги тенките кришки лимон врз зеленчукот како керамиди.
  11. Стегнете ја хартија за печење како бонбона и заврзете ја со врвка.
  12. Потоа направете го второто пакетче.
  13. Кога подготвувате во рерна, ставете ги двете пакетчиња на плех, преклопете ја хартијата да се затворат пакетчињата и печете ги во загреана рерна на 180°C (рерна со вентилација 160°C) околу 20 минути.
  14. Кога подготвувате на скара, пакетчињата треба да се стават на плех за скара или на парче алуминиумска фолија.
  15. По истекот на времето за печење, отворете го пакетчето и послужете. Јас лично сметам дека е многу разновидно и рустикално да се јаде директно од пакетчето. Зелената салата го комплетира вкусното искуство.
    Paketcinja so losos i zelencuk od skara ili od rerna-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Лосос и зеленчук од скара или од рерна
Количина по порција
Калории
492.4
% Дневна вредност*
Масти
 
30.7
g
47
%
Јаглехидрати
 
19.2
g
6
%
Протеини
 
32
g
64
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

На семејството му служите вкусно јадење со лосос богато со многу здрави состојки и одличен вкус.

Paketcinja so losos i zelencuk od skara ili od rerna-Recepti so riba-bellakujna

Добар апетит и забавувајте се испробувајќи го овој рецепт!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам уште соодветни идеи на рецепти за вас:

  1. Пица од модар патлиџан со свежи билки
  2. Ролнички од тиквички со шунка и кашкавал
  3. Модри патлиџани во сос од домати и билки
  4. Мусака од тиквички на бабин начин
  5. Пржена келераба на медитерански стил

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.