Раженчиња од пилешки гради во буковец-маринада

Razencinja od pileski gradi vo bukovec-marinada-Recept-bellakujna

Најдобрите закуски; со одличен вкус и многу лесни за подготовка.

„Finger food“, односно јадењата што може да се јадат без прибор за јадење, се исклучително популарни на забавите или фестивалите. Со оглед на тоа што сите сакаме разновидност, грицкањата доаѓаат како прави, а овие ситници имаат добар вкус и со различни пијалоци. Пријатната вечер покрај телевизорот станува уште попријатна со вкусни закуски. Затоа, денес имам одличен рецепт за мали раженчиња кои можете да ги грицкате насекаде.

Razencinja od pileski gradi vo bukovec-marinada-Snek-bellakujna

Буковец или чили снегулки

Денеска би сакала да напишам неколку реченици за зачинот што често го користам. Тоа се одлични чили снегулки кои се достапни во слатка или пикантна верзија. А тие сјајни чили снегулки се прекрасниот зачин буковец.

Уште еден одличен рецепт подготвен со вкусниот буковец.

Чили снегулките се вкусен универзален зачин со итензивна слатка арома на пиперка кој одговара перфектно скоро во секое јадење. Снегулките се користат за сосови, салати, јадења од зеленчук или како зачин за месо и стек. Снегулките исто така може да се готват, но изгледаат добро и кога ќе се попрскаат врз готова храна како декорација.

Чили обично значи одредено јадење со чили, па затоа еве еден вкусен рецепт што би сакала да ви го претставам: Чили кон карне под хауба од пире.

Razencinja od pileski gradi vo bukovec-marinada-Zakuski za parti-bellakujna

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.

Рецепт


Razencinja od pileski gradi vo bukovec-marinada-Recept-bellakujna

Раженчиња од пилешки гради во буковец-маринада

Фингер фуд во најдобра форма; со одличен вкус и многу лесни за подготовка.
Припрема 15 minutes
Вкупно 15 minutes
Порции 9 Раженчиња
Калории за 1 Порција 109.5

Состојки
  

  • 400 гр пилешки филети (9 парчиња)
  • 4 лажици маслиново масло
  • 4 лажички буковец (благ или лут)
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка бибер (свежо мелен)

Подготовка
 

  • Измијте и исушете ги пилешките филети, алтернативно исечете ги пилешките гради на ленти. Парчињата месо ставете ги на дрвени раженчиња.
    400 гр пилешки филети
  • Ставете ги раженчињата од месо на чинија, премачкајте ги со масло, посипете со зачини и оставете да се маринираат 30 минути.
    4 лажици маслиново масло, 4 лажички буковец, 1 лажичка сол, 1 лажичка бибер
  • Загрејте една тава и на силен оган испржете ги раженчињата од двете страни.
  • Наредете и послужете ги вкусните и сочни раженчиња.
    Razencinja od pileski gradi vo bukovec-marinada-Serviranje-bellakujna
Јадење Закуски
Потекло Германија, Македонија

Информации за исхрана

Калории: 109.5kcal | Јаглехидрати: 0.9g | Протеини: 9.6g | Масти: 7.4g
Дали сте го пробале рецептот?Споменете го @bellakujna или користете го хаштагот #bellakujna!

На семејството или гостите им служите одлична закуска која за кратко време ке ја снема.

Razencinja od pileski gradi vo bukovec-marinada-Novogodisni zakuski-bellakujna

Добар апетит и забавувајте се додека ги испробувате!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам уште соодветни идеи на рецепти за вас:

  1. Aвокадо намаз
  2. Полжави од лиснато тесто со пушена пастрмка
  3. Салата од стебленца од целер на медитерански стил
  4. Ташнички од лиснато тесто со тиквички и пармезан
  5. Ролнички со спанаќ и бел грав

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.