Ролнички со спанаќ и бел грав

Rolnicki so spanak i bel grav-Recept-bellakujna

Крцкава закуска со изненадувачки вкусен фил.

Питата е омилено јадење во секое семејство. Постојат многу рецепти за пити со многу различни филови. Денеска би сакала да ви представам еден од моите начини на правење пита, со прекрасно вкусен фил и лесна за подготвување.

Rolnicki so spanak i bel grav-Vegetarijansko-bellakujna

Кори за Пита

За овие ролнички користев кори за пита. Корите за пита се тенки и без квасец и се користат во балканската и блискоисточната кујна за правење колачи како баклава и бурек.

Порано корите за пита беа достапни само на пазарот, а денес можете да ги најдете во секој супермаркет. Се почесто корите се користат не само за пити, туку и за завиткување сочни парчиња месо и риба кои се пржат или се печат.

Обожавам јадења со кори и се трудам почесто да ги правам, но морам да кажам дека користам готови кори бидејќи рачната изработка како што тоа го праве мајка ми, одзема многу време. Еден од моите омилени рецепти со кори е Штрудлата од тиква, јаболка и брусница.

Rolnicki so spanak i bel grav-Soleni peciva-bellakujna

Денешните ароматични ролнички се со нов, неверојатно вкусен фил. Во филот покрај бел грав и фета додадов здрав и вкусен спанаќ.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.

Рецепт


Rolnicki so spanak i bel grav-Recept-bellakujna

Ролнички со спанаќ и бел грав

Крцкава закуска со прекрасен фил, неспоредлив вкус и висок фактор на зависност.
Сподели
Припрема 30 minutes
Печење 20 minutes
Вкупно 50 minutes
Порции: 20 Ролнички
Јадење: Закуски, Солени печива
Потекло: Германија, Македонија
Калории: 139.7kcal

Состојки
  

  • 1 паковање кори (10 листови)
  • 125 гр спанаќ
  • 240 гр бел грав (ситен, варен, може и од тегла)
  • 1 кромид (црвен)
  • 150 гр јогурт
  • 120 мл масло
  • 150 гр сирење
  • 1 лажичка бибер (свежо мелен)
  • 1 лажичка веѓета
  • ½ лажичка сол
  • 2 лажички црвен пипер (благ)

Подготовка
 

  1. Измијте, сортирајте и грубо исечете го спанаќот.
    125 гр спанаќ
  2. Излупете го кромидот и исечете го на мали коцки.
    1 кромид
  3. Отворете ја теглата со грав и истурете го гравот во цедалка и оставете да се исцеди.
    240 гр бел грав
  4. Од маслото земете 2 лажици и ставете ги во тава. Додадете го кромидот и пржете додека не стане прозирен. Кога кромидот е прозирен, додадете го спанаќот, промешајте и пржете кратко.
  5. Додадете го исцедениот грав и измешајте.
  6. Зачинете со сол, бибер и веѓета, пробајте и оставете ја тавата настрана да се излади.
    1 лажичка бибер, 1 лажичка веѓета, ½ лажичка сол
  7. Во тањирче ставете ги маслото и јогуртот и убаво измешајте.
    150 гр јогурт, 120 мл масло
  8. Изгмечете го сирењето со вилушка, додадете го во ладниот зеленчук и измешајте.
    150 гр сирење
  9. Отпакувајте ги корите и раширете ги на работната маса. Со остар нож пресечете ги корите на половина по должина.
    1 паковање кори
  10. Загрејте ја рерната на 220°C (рерна со вентилација 200°C).
  11. Половина од кората премачкајте ја со смесата јогурт-масло и додадете 2-3 лажички од филот во долната третина од кората. Филот не го редете на десниот и левиот раб, туку оставете околу 2 см простор лево и десно.
  12. Прво преклопете ја кората врз филот од долу нагоре. Потоа преклопете ја десната страна од кората по целата должина налево и исто така преклопете ја левата страна по целата должина надесно. На крајот, завиткајте го ролатот од долу нагоре и ставете ја ролничката со работ надолу на плех обложен со хартија за печење.
  13. Потоа втората половина од кората премачкајте ја со смесата од масло и јогурт, одозгора ставете од филот и свиткајте во иста ролничка како и претходната.
  14. И така, додека не се подготват сите 20 ролнички.
  15. Готовите ролнички премачкајте ги со преостанатата смеса од масло и јогурт и посипете ги со црвен пипер.
    2 лажички црвен пипер
  16. Ставете ги ролните во рерна и печете 15-20 минути.
  17. На крајот од печењето, извадете ги златно кафеавите ролнички од рерната. Оставете ги со нивниот прекрасен вкус малку да се изладат, наредете и послужете.
    Rolnicki so spanak i bel grav-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Ролнички со спанаќ и бел грав
Количина по порција
Калории
139.7
% Дневна вредност*
Масти
 
7.4
g
11
%
Јаглехидрати
 
13.7
g
5
%
Протеини
 
4
g
8
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

  1. За да не користите грав од тегла, можете сами да го зготвите гравот или, доколку готвите грав за ручек, сварете уште малку и одвојте ја потребната количина за следниот ден за да ги подготвите ролничките.
  2. Ако ви се допаѓа малку повеќе пикантно, благиот црвен пипер можете да го замените со лут.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

На семејството му служите ролнички со златно кафеава боја, прекрасен фил и одличен вкус.

Rolnicki so spanak i bel grav-Zakuski-bellakujna

Добар апетит и забавувајте се испробувајќи ги!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам уште соодветни идеи на рецепти за вас:

  1. Галета со праз и сирење
  2. Пица од лиснато тесто и остатоци
  3. Брза палачинка од свежа зелка
  4. Полжави од лиснато тесто со пушена пастрмка
  5. Леб со фил од семки

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.