Зачинете го стариот леб со здрави и вкусни состојки.
Денес сакам да Ви претставам еден многу стар рецепт од баба ми од категоријата искористување на застарена храна.
Во мојот рецепт Потпечен стар леб во стил на Пица веќе објаснив колку леб се фрла. А во моментов сеуште е актуелна и набавката на залихи, што не опфаќа само тоалетна хартија, туку и леб. Тука се наметнува прашањето како сувиот леб би можел да се искористи. За негово искористување постојат различни можности, што сакам да Ви ги претставам во блиска иднина.
Денешниот рецепт е од баба ми, а јас само го прилагодив на моменталната ситуација. Баба ми не можела да употреби Гауда сирење, коешто јас го користев, бидејќи во нејзино време воопшто и не постоело. Затоа таа користела урда или сирење.
Информации за состојките
За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.
Рецепт
Освежен стар леб
Состојки
- 1 леб 500 г (стар, бајат)
- 3 чешниња лук
- 2 лажици италијански зачин (магдонос, оригано, мајоран и мајчина душица, свежи или суви)
- 1 лимон
- ½ лажичка сол
- ½ лажичка бибер
- 1 лажичка вегета
- 100 мл маслиново масло
- 100 мл вода
- 100 г кашкавал (Гауда)
- 3 супени лажици сусам
Подготовка
- Исечете го стариот или бајат леб на кришки.1 леб 500 г
- Излупете ги чешнињата лук.3 чешниња лук
- Измијте ги и грубо исечкајте ги свежите билки.2 лажици италијански зачин
- Исцедете го лимонот.1 лимон
- Ставете ги чешнињата лук и билките во сецкачот-сецко.3 чешниња лук, 2 лажици италијански зачин
- Во сецкачот-сецко додадете го сокот од лимон, маслиновото масло, водата и зачините.1 лимон, ½ лажичка сол, ½ лажичка бибер, 1 лажичка вегета, 100 мл маслиново масло, 100 мл вода
- Исецкајте сè заедно сѐ додека не добиете прекрасен зелен сос.
- Загрејте ја рерната на 220°C (со вентилација на 200°C).
- Премачкајте го плехот за печење со маслиново масло.
- Ставете половина од парчињата леб во плехот за печење. Со мала лажичка премачкајте ги парчињата леб со сосот и притоа внимавајте да ја опфатите целата површина.
- Потоа распоредете го кашкавалот врз парчињата леб.100 г кашкавал
- Премачкајте ја и другата половина од лебот со сосот и така премачканите парчиња леб ставете ги врз парчињата со кашкавал, така што премачканата страна сега ќе биде надоле.
- Премачкајте го горниот дел од парчињата леб со вода. Потоа врз парчињата леб посипете го семето од сусам.3 супени лажици сусам
- Ставете го плехот за печење во загреана рерна да се пече 15 минути.
- Извадете го од рерна плехот со леб, којшто мириса прекрасно и послужете.
Информации за исхрана
На семејството ќе му сервирате јадење приготвено од застарен леб, со префинет вкус на сос од зеленчук, со арома на лук и суптилна киселкаста нота.
Уживајте при готвењето и добар апетит!
Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:
- Галета со праз и сирење
- Кромид торта co брашно oд цвекло
- Потпечен стар леб во стил на Пица
- Mини пици сo Оризoви вафли
- Чили кон карне под хауба од пире
Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.
Оставете Одговор