Go Back
–+ servings

Освежен стар леб

Освежете го стариот леб со свежи билки, кашкавал и сусам во освежителна и здрава закуска.
Сподели
Prep Time 10 minutes
Припрема 10 minutes
Печење 15 minutes
Вкупно 35 minutes
Порции: 8 Порции
Јадење: Леб, Печива
Потекло: Македонија
Калории: 285.8kcal

Состојки
  

  • 1 леб 500 г (стар, бајат)
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици италијански зачин (магдонос, оригано, мајоран и мајчина душица, свежи или суви)
  • 1 лимон
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка бибер
  • 1 лажичка вегета
  • 100 мл маслиново масло
  • 100 мл вода
  • 100 г кашкавал (Гауда)
  • 3 супени лажици сусам

Подготовка
 

  1. Исечете го стариот или бајат леб на кришки.
    1 леб 500 г
  2. Излупете ги чешнињата лук.
    3 чешниња лук
  3. Измијте ги и грубо исечкајте ги свежите билки.
    2 лажици италијански зачин
  4. Исцедете го лимонот.
    1 лимон
  5. Ставете ги чешнињата лук и билките во сецкачот-сецко.
    3 чешниња лук, 2 лажици италијански зачин
  6. Во сецкачот-сецко додадете го сокот од лимон, маслиновото масло, водата и зачините.
    1 лимон, ½ лажичка сол, ½ лажичка бибер, 1 лажичка вегета, 100 мл маслиново масло, 100 мл вода
  7. Исецкајте сè заедно сѐ додека не добиете прекрасен зелен сос.
  8. Загрејте ја рерната на 220°C (со вентилација на 200°C).
  9. Премачкајте го плехот за печење со маслиново масло.
  10. Ставете половина од парчињата леб во плехот за печење. Со мала лажичка премачкајте ги парчињата леб со сосот и притоа внимавајте да ја опфатите целата површина.
  11. Потоа распоредете го кашкавалот врз парчињата леб.
    100 г кашкавал
  12. Премачкајте ја и другата половина од лебот со сосот и така премачканите парчиња леб ставете ги врз парчињата со кашкавал, така што премачканата страна сега ќе биде надоле.
  13. Премачкајте го горниот дел од парчињата леб со вода. Потоа врз парчињата леб посипете го семето од сусам.
    3 супени лажици сусам
  14. Ставете го плехот за печење во загреана рерна да се пече 15 минути.
  15. Извадете го од рерна плехот со леб, којшто мириса прекрасно и послужете.

Нутриент

Нутритивни факти
Освежен стар леб
Количина по порција
Калории
285.8
% Дневна вредност*
Масти
 
15
g
23
%
Јаглехидрати
 
28.2
g
9
%
Протеини
 
7.6
g
15
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!