Маскарпоне крем со брауни штрудла и портокал

Maskarpone krem so brauni strudla i portokal-Recept-bellakujna

Чизкејк од соништата со допир на свежина.

Десертот во чаша го прави секој добар оброк нешто посебно. Посебна варијанта е десертот во чаша. Овие прекрасни уметнички дела се убедливи по вкус и изглед. Нема ограничувања за вашата имагинација во однос на изгледот и вкусот. Затоа денес би сакала да ве запознаам со една нова идеја.

Maskarpone krem so brauni strudla i portokal-Desert vo casa-bellakujna

Разновидноста на маскарпонето

Маскарпоне е благо кремасто двојно крем сирење со прекрасен вкус. Маскарпоне се користи како посебна состојка во многу различни јадења. Поради големата разновидност нуди одлични опции за комбинација, почнувајќи од класичното тирамису, до маринирани овошја со крем маскарпоне. Би сакала да ви препорачам и еден друг прекрасен рецепт со сирње кој ке ве воодушеви Чизкејк со мармалад од домати.

Портокалот го зајакнува имунолошкиот систем

Витаминот Ц е многу важен за нашиот имунолошки систем. Со 2-3 портокали дневно би можеле да ја покриете препорачаната дневна потреба од витамин Ц. Витаминот Ц не само што го зајакнува имунолошкиот систем, туку врши и други важни задачи во нашето тело.

Како маскарпонето така и портокалите се многу разновидни во кујната. Најчесто во слатката кујна, сепак, има и многу солени јадења со портокали.

Maskarpone krem so brauni strudla i portokal-Desert-bellakujna

Во денешниот рецепт користев полнети колачи бидејќи ни се омилени. Полнетите штрудли од какао одлично одговараат со овој десерт, бидејќи какаото и портокалите се неверојатно вкусни во комбинација.

Но, кога станува збор за вкусни десерти во чаша, би сакала да ви препорачам уште еден прекрасен егзотичен рецепт: Манго-Mусли десерт во чаша.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.

Рецепт


Maskarpone krem so brauni strudla i portokal-Recept-bellakujna

Маскарпоне крем со брауни штрудла и портокал

Чизкејк десерт од соништата со допир на свежина.
Припрема 20 minutes
Време на ладење 4 hours
Вкупно 4 hours 20 minutes
Порции 2 Порции
Калории за 1 Порција 778

Состојки
  

  • 130 гр брауни штрудли (полнети)
  • 250 гр маскарпоне
  • 2 портокали
  • 100 гр кисело млеко
  • 50 гр шеќер во прав
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 50 мл ликер од портокал (алтернативно сок од портокал)
  • 1 лажичка чоколадни трошки

Подготовка
 

  • Исечете ги брауни штрудлите на мали парчиња.
    130 гр брауни штрудли
  • Излупете ги и филитирајте ги портокалите, а филетите исечете ги на мали коцки. При сецкањето на портокалите добивте и сок, соберете го и него.
    2 портокали
  • Во сад ставете ги маскарпонето, киселото млеко, ванилиниот шеќер и ликерот од портокал и посипете ги со шеќер во прав. Изматете ги состојките со рачен миксер во хомогена маса.
    250 гр маскарпоне, 100 гр кисело млеко, 50 гр шеќер во прав, 1 пакетче ванилин шеќер, 50 мл ликер од портокал
  • Во две високи чаши, прво ставете 2 лажици од кремот, а потоа ставете слој бисквити (околу четвртина од бисквитите по чаша), покријте со слој од коцки портокал (1/4 од количината) и посипете со сокот од портокал кој го добивте при сецкањето.
  • Потоа повторно почнете со крем, па колачиња и портокали.
  • На крај додадете го остатокот од кремот одозгора.
  • Украсете со малите остатоци од бисквит и портокал, како и со чоколадните трошки по вкус.
    1 лажичка чоколадни трошки
  • Ставете ги чашите во фрижидер 3-4 часа.
  • Кога ќе истече времето за ладење, извадете ги од фрижидер и послужете.
    Maskarpone krem so brauni strudla i portokal-Serviranje-bellakujna
Јадење Десерти
Потекло Германија

Информации за исхрана

Калории: 778kcal | Јаглехидрати: 72.4g | Протеини: 14.7g | Масти: 5.1g
Дали сте го пробале рецептот?Споменете го @bellakujna или користете го хаштагот #bellakujna!

На семејството и гостите им послужувате многу вкусен десерт со различни конзистенции.

Maskarpone krem so brauni strudla i portokal-Desert idei-bellakujna

Добар апетит и забавувајте се испробувајќи го овој рецепт!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам уште соодветни идеи на рецепти за вас:

  1. Чоколадни облачиња со ореви
  2. Пралини со спекулоси и нутела
  3. Пржени бадеми со вкус на ванила
  4. Топло чоколадо ала шварцвалд торта со вишни
  5. Колачиња co кисела павлака

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна