Макронен колачи од кокос и ф’стаци

Makronen kolaci od kokos i fstaci-Recept-bellakujna

Сочни и нежни макронен колачи со фина арома на лимета и крцкави ф’стаци.

Дали барате лесен и брз рецепт за колачиња? Со што да ги изненадите вашите најблиски? Нешто навистина едноставно и вкусно? Тогаш го имам решението за вас: Макронен колачи од кокос и ф’стаци.

Makronen kolaci od kokos i fstaci-Celufki-bellakujna

Колку се здрави ф’стаците?

Ф’стаците и јаткастите плодови со векови се сметаат за затоплувачка храна, погодна за стомакот во традиционалните лековити системи како што се Ајурведата и традиционалната кинеска медицина (TCM).

Ф’стаците содржат многу вредни незаситени масни киселини и на тој начин можат да спречат кардиоваскуларни болести и високи нивоа на холестерол.

Диететските влакна и витамините Б се исто така достапни во соодветни количини и со тоа го намалуваат нивото на липидите во крвта и се вистинска храна за нервите.

Ф’стаците ги зајакнуваат коските со идеален состав од калциум и фосфор.

Makronen kolaci od kokos i fstaci-Puslici-bellakujna

Кокосовите снегулки се многу здрави

Кокосовите снегулки се богати со минерали како железо, калиум, магнезиум, калциум, фосфор и манган. Тие се неопходни за функционирање на нашето тело. Покрај тоа, кокосот совршено се усогласува со ф’стаците и им дава на другите комбинации посебен вкус. Би сакала да ви препорачам уште два прекрасни рецепти со кокос кои сигурно ке ви се допаднат: Веганска торта со јаболка и кокос и Торта од модри сливи и кокос со тестени трошки.

За да ја комплетирате Божиќната трпеза со уште неколку вкусни колачи, еве еден брз рецепт.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.

Рецепт


Makronen kolaci od kokos i fstaci-Recept-bellakujna

Макронен колачи од кокос и ф’стаци

Сочни и нежни макрони со фина арома на лимета и крцкави ф'стаци.
Месенџер Сподели
Припрема 15 minutes
Печење 30 minutes
Вкупно 45 minutes
Порции: 30 Макрони
Јадење: Колачиња, Слатки печива
Потекло: Германија
Калории: 78.5kcal

Состојки
  

  • 3 белки (големина М)
  • 220 гр суров шеќер од трска (алтернативно бел шеќер)
  • 220 гр кокос
  • 30 гр ф'стаци
  • 1 лимета (сок и кора)
  • 1 прстофат сол

Подготовка
 

  1. Изрендајте ја кората и исцедете го сокот од лиметата.
    1 лимета
  2. Во сад за матење ставете ги белките, додадете 1 лажичка сок од лимета и прстофат сол и изматете сè додека не се стегне.
    3 белки, 1 прстофат сол
  3. Во белките полека додавајте го шеќерот, но оставете го миксерот да мати на најниско ниво. Мешајте додека не се раствори шеќерот.
    220 гр суров шеќер од трска
  4. Додадете ги кокосовите снегулки во белките и внимателно измешајте.
    220 гр кокос
  5. На крај додадете ги ф’стаците и кората од лимета и полека измешајте.
    30 гр ф'стаци
  6. Загрејте ја рерната на 150°C (рерна со вентилација 130°C).
  7. Обложете го плехот со хартија за печење. Со помош на форма за макрони, лажица за сладолед или со две мали лажички, ставете го тестото на хартијата за печење.
  8. Ставете го плехот во загреана рерна и печете ги макроните околу 30 минути.
  9. По истекот на времето за печење, извадете ги од рерна макроните со прекрасен мирис и оставете ги да се изладат.
  10. Откако ќе се изладат, можете да ја развиете вашата креативност и да ги декорирате макроните.
  11. Послужете ги прекрасните и вкусни макронен колачиња.
    Makronen kolaci od kokos i fstaci-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Макронен колачи од кокос и ф'стаци
Количина по порција
Калории
78.5
% Дневна вредност*
Масти
 
4.5
g
7
%
Јаглехидрати
 
7.9
g
3
%
Протеини
 
0.85
g
2
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

Вие и вашето семејство ќе уживате во сочни макрони од кокос што се топат во устата со фина арома на лимета и благороден вкус на ф’стаци.

Makronen kolaci od kokos i fstaci-Sitni kolaci-bellakujna

Добар апетит и забавувајте се испробувајќи ги!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам уште соодветни идеи на рецепти за вас:

  1. Чоколадни облачиња со ореви
  2. Пралини со спекулоси и нутела
  3. Пржени бадеми со вкус на ванила
  4. Колачиња co кисела павлака
  5. Чоколадни sвезди со крем од кикиритки

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.