Солени стапчиња или соленки за префинет вкус на популарните ќофтиња.
„Јас никогаш не јадам ќофтиња со лебни трошки, бидејќи претпоставувам дека во нив веќе има леб„. Оваа изјава е од Хајнц Бушковски, легендарен градоначалник на општината Берлин-Нојкелн, со која тој всушност сакал да каже дека никогаш не јаде ќофтиња заедно со леб, бидејќи по правило лебот служи како средство за врзување при приготвување на ќофтињата.
Ќофтиња, плескавици, топчиња од месо или како и да уште ги нарекуват имаат едно нешто заедничко. Тие воообичаено се прават од мелено месо (претежно мешано говедско и свинско месо) и застоен леб, тост или лебни трошки, што се користат како врзувачко средство или за стегнување.
Стар леб
Користењето застоен леб е впрочем одлична идеја да се искористат остатоци. Меѓутоа покрај лепчињата постојат и многу други видови тестенини, што треба да кога тогаш да се изедат. Тука меѓудругото спаѓаат и солените стапчиња, коишто завршуваат во ѓубре многу почесто отколку што мислеме.
Соленки
Солените стапчиња/Соленки како што кажува името се тенки печива во форма на стапче и попрскани со сол. Тие обично се прават од пченично брашно, растително масло, сол, вода, квасец и слад. Пред печењето се потопуваат во каустична сода/натриум хидроксид, што им ја дава бојата и типичниот вкус. Доколку го прескокнете потопувањето во растворот од сода, тогаш солените стапчињата се како и секое нормално пециво, па може да се користат и како лебни трошки.
Брашното за похување добиено од соленките има поинтензивен вкус од обичните лебни трошки, но може да се користи во сите прилики кога потребно е обично брашно за похување.
Информации за состојките
За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.
Рецепт
Ќофтиња со соленки
Состојки
- 500 г мелено месо (мешано, пола свинско пола говедско)
- 1 јајце
- 50 г солени стапчиња (Соленки)
- 2 лажици магдонос (исечкан)
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка бибер (свежо мелен)
- 1 лажичка вегета
- 1 лажичка сенф
- Масло за пржење
Подготовка
- Ставете ги солените стапчиња во сецкач и сомелете ги ситно.50 г солени стапчиња
- Изтребете го магдоносот, измијте го и исечкајте го многу ситно. Доколку имате ножици за сечење билки, тогаш тоа оди најбрзо.2 лажици магдонос
- Излупете ги кромидот и лукот и исечете ги ситно.1 главица кромид, 2 чешниња лук
- Во помала тава испржете го кромидот со малку масло. Кога ќе стане стаклест, додадете лук и пржете кратко. Тргнете ја тавата настрана да се излади.
- Во сад ставете ги сите состојки: мелено месо, јајце, сомлените солени стапчиња, сол, бибер, булјон од зеленчук, сенф, магдонос и изладената смеса од кромид и лук. Добро промешајте ги овие состојки додека не добиете во хомогена маса, ако е потребно и заместе.500 г мелено месо, 1 јајце, 50 г солени стапчиња, 2 лажици магдонос, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 лажичка сол, 1 лажичка бибер, 1 лажичка вегета, 1 лажичка сенф
- Обликувајте ќофтиња од оваа маса и идеално би било – секако ако времето тоа Ви го дозволува – да ги оставете да отстојат еден час.
- Испржете ги ќофтињата во поголема тава со доволно масло на средна температура. Важно е тавата да не биде премногу жешка за да можат ќофтињата полека да се пржат. Ако ги пржите ќофтиња на жежок оган, може да Ви се случи однадвор да бидат веќе готови и крцкави, а одвнатре да бидат уште живи. Како ориентација нека Ви служи податокот, дека најдобро е да се пржат околу 10-15 минути на ниска температура. На овој начин ќофтињата се највкусни.
- Извадете ги златно-кафеавите ќофтиња од тавата (немојте веднаш да ги јадете, иако мирисаат така примамливо и изгледаат одлично), првин наредете ги и послужете.
Забелешка
- Ќофтињата се обликуваат рачно. Обликувањето е многу полесно ако претходно ги навлажните рацете со вода или малку масло. На овој начин масата нема да Ви се лепи на прстите и ќе добиете прекрасни мазни ќофтиња.
- Ако треба да направите поголема количина, може да Ви се случи ќофтињата да немаат иста големина. Јас во тој случај се служам со црпалка за супа. Кога ќе ја брцнам црпалката во смесата од месо, секогаш внимавам да биде истата количина.
Информации за исхрана
Не Вашето семејство ќе му сервирате сочни ќофтиња со одличен вкус. Денеска како прилог со Ќофтињата на моите им сервирав печен компир и по едно солено стапче.
Уживајте при готвењето и добар апетит!
Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:
- Полнети пиперки со булгур
- Чили кон карне под хауба од пире
- Тортелини на медитерански начин
- Потпечен стар леб во стил на Пица
- Галета со праз и сирење
Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.
Оставете Одговор