Go Back
+ servings
Koftinja so solenki-Recept-bellakujna

Ќофтиња со соленки

Од надвор крцкави, одвнатре меки и сочни ќофтиња, со прекрасна кафена боја и уште поубав вкус.
Сподели
Припрема 40 minutes
Вкупно 40 minutes
Порции: 4 Порции
Јадење: Главни Јадења
Потекло: Германија
Калории: 436kcal

Состојки
  

  • 500 г мелено месо (мешано, пола свинско пола говедско)
  • 1 јајце
  • 50 г солени стапчиња (Соленки)
  • 2 лажици магдонос (исечкан)
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка бибер (свежо мелен)
  • 1 лажичка вегета
  • 1 лажичка сенф
  • Масло за пржење

Подготовка
 

  1. Ставете ги солените стапчиња во сецкач и сомелете ги ситно.
    50 г солени стапчиња
  2. Изтребете го магдоносот, измијте го и исечкајте го многу ситно. Доколку имате ножици за сечење билки, тогаш тоа оди најбрзо.
    2 лажици магдонос
  3. Излупете ги кромидот и лукот и исечете ги ситно.
    1 главица кромид, 2 чешниња лук
  4. Во помала тава испржете го кромидот со малку масло. Кога ќе стане стаклест, додадете лук и пржете кратко. Тргнете ја тавата настрана да се излади.
  5. Во сад ставете ги сите состојки: мелено месо, јајце, сомлените солени стапчиња, сол, бибер, булјон од зеленчук, сенф, магдонос и изладената смеса од кромид и лук. Добро промешајте ги овие состојки додека не добиете во хомогена маса, ако е потребно и заместе.
    500 г мелено месо, 1 јајце, 50 г солени стапчиња, 2 лажици магдонос, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 лажичка сол, 1 лажичка бибер, 1 лажичка вегета, 1 лажичка сенф
  6. Обликувајте ќофтиња од оваа маса и идеално би било – секако ако времето тоа Ви го дозволува – да ги оставете да отстојат еден час.
  7. Испржете ги ќофтињата во поголема тава со доволно масло на средна температура. Важно е тавата да не биде премногу жешка за да можат ќофтињата полека да се пржат. Ако ги пржите ќофтиња на жежок оган, може да Ви се случи однадвор да бидат веќе готови и крцкави, а одвнатре да бидат уште живи. Како ориентација нека Ви служи податокот, дека најдобро е да се пржат околу 10-15 минути на ниска температура. На овој начин ќофтињата се највкусни.
  8. Извадете ги златно-кафеавите ќофтиња од тавата (немојте веднаш да ги јадете, иако мирисаат така примамливо и изгледаат одлично), првин наредете ги и послужете.
    Koftinja so solenki-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Ќофтиња со соленки
Количина по порција
Калории
436
% Дневна вредност*
Масти
 
31.7
g
49
%
Јаглехидрати
 
13.6
g
5
%
Протеини
 
23.3
g
47
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

  1. Ќофтињата се обликуваат рачно. Обликувањето е многу полесно ако претходно ги навлажните рацете со вода или малку масло. На овој начин масата нема да Ви се лепи на прстите и ќе добиете прекрасни мазни ќофтиња.
  2. Ако треба да направите поголема количина, може да Ви се случи ќофтињата да немаат иста големина. Јас во тој случај се служам со црпалка за супа. Кога ќе ја брцнам црпалката во смесата од месо, секогаш внимавам да биде истата количина.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!