Популарно јадење во ново „пакување“.
На интернет можат да се најдат преку милион рецепти за едно јадење и ретко кое друго јадење може да се пофали со толку многу варијации. Јадењето за кое станува збор е чили кон карне.
Чили кон карне
Чили кон карне, често и само чили, е името на пикантното јадење, чиишто главни состојки се мелено месо и чили (лути) пиперчиња. Не се јасно утврдени ниту потеклото на името Чили кон карне, ниту пак потеклото на оригиналниот рецепт, а претпоставката е дека потекнува од јужниот дел на Северна Америка. Затоа денес јадењето се смета за дел од тексашко-мексиканската кујна. Како што е тоа случај и со многу други јадења, така и кога станува збор за чили кон карне постојат несогласувања во врска со потеклото, состојките, па дури и со начинот на пишување.
Денес сакам да Ви претставам една од моите варијации на Чили кон карне. Бидејќи начинот на презентирање на јадења со чили речиси секогаш е многу сличен, сакам да Ви прикажам една сосема нова варијанта.
Чили кон карне под хауба од пире. Со оваа варијација исто така се менува и вкусот на самото јадење. Лутото чили е покриено со слој од вкусно пире од компири и резултатот е уникатна разновидност на ароми и експлозија на вкусови во устата.
Едно од моите омилени јадења со кумин е оригилналниот деликатес Чили кон карне.
Информации за состојките
За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.
Рецепт
Чили кон карне под хауба од пире
Состојки
4 огноотпорни садови 13х13х6 см
За чилито
- 250 гр мелено месо (мешано)
- 2 црвени пиперки
- 2 главици кромид
- 2 моркови
- 1-2 чили пиперчиња
- 255 гр црвен грав (за чили, конзерва)
- 140 гр пченка (конзерва)
- 350 мл сос од домати
- 2 чешниња лук
- 2 лажички вегета
- 1 лажичка бибер (свежо мелен)
- ½ лажичка сол
- 2 лажички кумин
- ½ китка магдонос
- 100 мл вода (жешка)
- масло за пржење
За пирето
- 800 гр компири
- 50 гр путер (собна температура)
- 250 мл млеко (топло)
- ½ лажичка сол
- 1 лажичка вегета
- 1 лажичка бибер (свежо мелен)
- 120 г кашкавал (рендан)
Подготовка
- Излупете ги компирите, исечете ги на мали парчиња и ставете ги да се варат.800 гр компири
- Измијте ги пиперките, извадете ги семките и исечете ги на мали парчиња. Исто така исечете ги ситно и чили пиперчињата.2 црвени пиперки, 1-2 чили пиперчиња
- Излупете ги морковите и кромидот и исечете ги на мали коцки. Излупете ги чешнињата лук и исечкајте ги ситно.2 главици кромид, 2 моркови, 2 чешниња лук
- Измијте го магдоносот и исечете го ситно.½ китка магдонос
- Во тава со малку масло испржете ги пиперките, кромидот, чили пиперчињата и морковот. Додате го и исечканиот лук.
- Кога кромидот речиси ќе биде стаклест, додадете го меленото месо и испржете го со останатите состојки.250 гр мелено месо
- Исцедете ги гравот и пченката од конзерва, додадете ги во мешавината од месо и зеленчук и пржете сѐ заедно. Додадете ја жешката вода (100 мл).255 гр црвен грав, 140 гр пченка, 100 мл вода
- Во тавата додадете го сосот од домати и промешајте.350 мл сос од домати
- Додајте ги зачините, измешајте и оставете го да се пржат уште малку и пробајте.2 лажички вегета, ½ лажичка сол, 1 лажичка бибер, 2 лажички кумин
- Додате го ситно исечканиот магдонос, добро промешајте и тргнете ја тавата од оган.½ китка магдонос
- Загрејте ја рерната на 220°C (рерна со вентилација 200°C).
- Во меѓувреме компирот е готов и спремен за приготвување на пире. Затоа на компирите додадете им путер, млеко и зачини и грубо изгмечете ги.50 гр путер, 250 мл млеко, 1 лажичка вегета, 1 лажичка бибер, ½ лажичка сол
- Премачкајте ги огноотпорните садови за печење со путер и наполнете четвртина од нив со мешавината од месо и зеленчук.
- Покријте ја смесата од чили со една четвртина од пирето и потоа посипете рендан кашкавал одозгора (30 гр.).120 г кашкавал
- Ставете ги садовите во загреана рерна и печете ги 20-25 минути.
- Кога ќе бидат готови, извадете ги од рерна и послужете.
Забелешка
Информации за исхрана
На Вашето семејството ќе му сервирате уникатно чили кон карне, вкусното кремасто пире го прекрива пикантното чили кон карне.
Уживајте при готвењето и добар апетит!
Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:
- Чили кон карне
- Брокула со пржен зеленчук и сусам
- Kрем супа од зеленчук ала мама
- Ќофтиња со соленки
- Полнети пиперки со бел грав
Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.
Оставете Одговор