Појадок од соино млеко и овесни снегулки

Pojadok od soino mleko i ovesni snegulki- Rezept -bellakujna

Здрав и многу вкусен појадок.

Неодамна додека бев во супермаркет вниманието ми го привлечкоа „Органски кранчи овесни снегулки со какао“.  Во суштина се работи за органски снегулки од овес коишто се печени со какао, како би се добил т.н. кранчи односно крцкав ефект.

Pojadok od soino mleko i ovesni snegulki- Zdrava hrana -bellakujna

Бидејќи сакав да пробам нешто такво, производот секако дека заврши во мојата количка за пазарење.

Во истиот ред видов и органско млеко од соја и низ глава ми помина идеја за интересен појадок.

Млеко од Соја

Млекото од соја е многу добра алтернатива за кравјото млеко, особено за луѓето, кои се нетолерантни на лактоза или глутен. За оние пак што се хранат вегански или вегетаријански соиното млеко претставува одличен извор на важни хранливи материи. Притоа само треба да се внимава преку друга храна да се внесуваат доволно Б12 витамини.

Pojadok od soino mleko i ovesni snegulki- Zdrav dorucek -bellakujna

Дур стигнав дома, рецептот веќе беше готов, скроен во мојата глава и сега сакам да Ви го претставам резултатот.

Информации за состојките

Во моментов користам што е можно повеќе органски производи за да ги подготвам моите рецепти.

Рецепт


Pojadok od soino mleko i ovesni snegulki- Rezept -bellakujna

Појадок од соино млеко и овесни снегулки

Соино млеко со овесни снегулки и банана, ѕдрав, обилен и многу вкусен појадок. Брз и лесен за подготовка.
Припрема 10 minutes
Вкупно 10 minutes
Порции 2 Порции
Калории за 1 Порција 870

Состојки
  

  • 500 мл млеко од соја (органско)
  • 8 лажици Кранчи овесни снегулки со какао (органски)
  • 1 банана (органска)
  • 2 лажички сируп од урми (органски)
  • 1 лажичка куркума (органска)

Подготовка
 

  • Денешното приготвување е малку посложено од вообичаеното 😉.
    500 мл млеко од соја, 8 лажици Кранчи овесни снегулки со какао, 1 банана, 2 лажички сируп од урми, 1 лажичка куркума
  • Ставете ги сите состојки во блендер и оставете ги да се мелат сѐ додека не се формира густа смеса.
  • Наполнете ја готовата смеса во чаши и веќе имате подготвено здрав и обилен појадок.
    Pojadok od soino mleko i ovesni snegulki-Serviranje-bellakujna
Јадење Појадок
Потекло Германија

Информации за исхрана

Калории: 870kcal | Јаглехидрати: 137g | Протеини: 30.5g | Масти: 19.4g
Дали сте го пробале рецептот?Споменете го @bellakujna или користете го хаштагот #bellakujna!

Уживајте во освежителниот појадок или пак десерт со фантастичен вкус.

Pojadok od soino mleko i ovesni snegulki- Vegetarijansko -bellakujna

Уживајте при пригоњето и добар апетит!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

  1. Чоколадни макарони со карамелизирано јапонско јаболко
  2. Бомбици од тиква и лешници
  3. Паста од мед и лимон со суво овошје
  4. Пијалок од ананас и јаболков оцет
  5. Здраво смути за појадок

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.