Кварк – направете сами

Kvark-napravete sami-Recept-bellakujna

Направете го сами на наједноставен начин совршениот снабдувач со кремаста енергија.

Кваркот е еден вид крем сирење и се нуди во сите нивоа на маснотии. Кваркот е многу популарен производ во Германија и е навистина сеопфатен во кујната: има сладок или солени вкус кога е подготвен со овошје или со зачини и билки. Совршен е за летни рецепти, а чизкејкот без кварк не е чизкејк. За жал кваркот не е достапен насекаде во светот. Лекот за сите во овие земји е: направете сами кварк.

Kvark-napravete sami-Recept idei-bellakujna

Кварк – што е тоа?

Според Википедија, кваркот е познат и како бело сирење, урда или крем сирење, тој е млечен протеин што се добива од пресно млеко во кое се додава потквас (маја) или сок од лимон, подобро кажано се подготвува од кисело млеко. Тоа значи дека кваркот е вистинска протеинска бомба. Сирилото или бактериите на млечна киселина се неопходни за млекото да се одвои во млечни протеини и сурутка, што е предуслов за производство на кварк.

Зошто да го направите тоа сами?

Ако сами правите кварк, тој е особено свеж, а добивате и здрава сурутка. Ако сами правите кварк, логично знаете што точно има во него и затоа можете да бидете сигурни дека е вегетаријанско. Купените производи често содржат животинско сирило. Има уште една причина да направите кварк сами: искористете ги остатоците.

Kvark-napravete sami-Mlecni proizvodi-bellakujna

Дали имате остаток од кисело млеко што сте го купиле и тоа е пред истекување на датумот или пак ви останало кисело млеко што сте го направиле сами и е веќе при крај на употреба. Важно е да не се фрлаат остатоците.

За снабдувачот на протеини што би сакала да ви го претставам денес, користам само една состојка: кисело млеко. Но, кога сме кај киселото млеко, би скала да ви представам два вкусни рецепти: Сочна торта со цреши и чоколадни капки и Сочна торта со цреши и чоколадни капки.

Постојат и други начини за правење кварк, но денес ќе ви го покажам мојот омилен.

Дозволете ми уште две реченици.

Kvark-napravete sami-Kvark od kiselo mleko-bellakujna

Кварк – како лек

Кваркот може да се користи не само како вкусна храна, туку и како лек. Нанесен надворешно како таканаречена кваркова обвивка, се користи за ладење на исчашувања, модринки, отоци, воспаление на зглобовите, изгореници од сонце и убоди од инсекти, како и за ладење при висока температура на телото.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.

Рецепт 


Kvark-napravete sami-Recept-bellakujna

Кварк – направете сами

Направете го сами на наједноставен начин совршениот снабдувач со кремаста енергија.
Сподели
Припрема 10 minutes
Цедење 1 hour 30 minutes
Вкупно 1 hour 40 minutes
Порции: 2 Порции
Јадење: Основни рецепти
Потекло: Германско
Калории: 281kcal

Состојки
  

Состојки за околу 500 гр кварк
  • 1000 гр кисело млеко (3,5% маснотии)
Опрема
  • 1 цедалка
  • 1 повисок сад
  • 1 парче крупно ткаена памучна ткаенина

Подготовка
 

  1. За подготовка на кваркот можете да направете домашно кисело млеко или готов производ (кисело млеко) за побрз и полесен начин.
    1000 гр кисело млеко
  2. Ставете ја цедалката на садот. Ставете ја памучната ткаенина преку цедалката и оставете ги краевите да висат. Ставете го киселото млеко на крпата.
    1000 гр кисело млеко, 1 цедалка, 1 повисок сад, 1 парче крупно ткаена памучна ткаенина
  3. Соберете ги краевите на крпата и завртете ги, првата сурутка веќе тече во садот. Заврзете ги извртените краеви на крпата.
  4. Оставете го садот на страна за да се исцеди млекото околу 1,5 до 2 часа.
  5. По периодот на цедење, одврзете ја крпата и восхитете се на кремастата убавина на кваркот.
  6. Истурете ја сурутката во шише за подоцнежна употреба, како на пример во смути.
  7. Кремастиот кварк ставете го во сад (видете во забелешка) и можете да го искористите во едно од безбројните јадења со кварк кои ќе ви ги претставиме во следните постови.
    Kvark-napravete sami-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Кварк – направете сами
Количина по порција
Калории
281
% Дневна вредност*
Масти
 
9
g
14
%
Јаглехидрати
 
30
g
10
%
Протеини
 
20
g
40
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

  1. Колку подолго го оставате кваркот да се цеди, толку повеќе ќе биде густ. Ако кваркот е премногу цврст на крајот, можете едноставно да додадете неколку лажици сурутка и да измешате.
  2. За складирање, најдобро е да го наполните во тегла со навртување и да го ставите во фрижидер. Може да се чува во фрижидер неколку дена.
  3. Ако сакате кремаст кварк, можете да додадете малку неутрален крем за готвење, добро промешајте ги.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

На семејството му послужувате здрава протеинска бомба со прекрасен вкус.

Kvark-napravete sami-Proizvodstvo na kvark-bellakujna

Добар апетит и забавувајте се испробувајќи го овој рецепт!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам уште соодветни идеи на рецепти за вас:

  1. Направете марципан сами
  2. Направете сами овесно млеко
  3. Здрав милкшејк од бобинки
  4. Тоскана намаз со суви домати
  5. Здрав дип, лесен и брз 

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.