Галета со праз и сирење

Galeta so praz i sirenje-Recept-bellakujna

Меко тесто со златно кафена боја и со чили како основнa состојк за превкуснa галетa.

Ако сте расположени за едноставни, брзи и превкусни галети направени од посебно тесто со чили пиперки (исецкани на тенки, долги парчиња и осушени) или може да се замени со буковец, тогаш го имам вистинскиот рецепт за Вас.

Galeta so praz i sirenje-Vegetarijansko-bellakujna

Галети

Галетите се солената варијанта на добро познатиот „ Crêpe” (кај нас попознат како палачинка) , доаѓаат од Бретања и традиционално се подготвуваат со брашно од хељда, вода и сол.

Значи, галетите се палачинки со брашно од хељда и солен фил. Кај многу популарната варијанта „Galette Complete“, филот се состои од рендано сирење, пржени или изматени јајца и варена шунка.

Покрај тоа францускиот термин „галета“ се употребува за мали тркалезни колачиња и кекси од путер, како и за големи кружни и рамни колачи.

Како што е тоа случај со многу стари јадења така и од ова јадење денес може да се сретнат многу варијанти и тоa и солени и слатки.

Galeta so praz i sirenje-Ednostavni recepti-bellakujna

Морам да признаам, дека навистина сакам да го изненадувам моето семејството и моите гости со рецепти кои се едноставни за приготвување, а коишто плус имаат и бесконечни можности за комбинирање.

Затоа денес сакам да Ви ја претставам солената галета со праз.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Galeta so praz i sirenje-Recept-bellakujna

Галета со праз и сирење

Галета со праз и фета, крцкаво и истовремено меко тесто со пикантна нота во комбинација со вкусен фил од праз и фета сирење.
Припрема 35 minutes
Печење 30 minutes
Вкупно 1 hour 5 minutes
Порции 2 порции
Калории за 1 Порција 1406.8

Состојки
  

За тестото:

  • 250 г брашно
  • 150 г путер (на собна температура)
  • 70 мл вода
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажица чили во нишки (или Буковец)

За филот:

  • 500 г праз
  • 70 г сирење
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • 80 г кисела павлака
  • 4 шери домати
  • 1 лажичка сол со зачини

Подготовка
 

  • Грубо исецкајте го чилито во нишки.
    1 лажица чили во нишки
  • Сипете го брашното во еден сад, додадете путер, вода, сол и чили и измешајте ги сите состојки сè додека не добиете мазно и хомогено тесто.
    250 г брашно, 70 мл вода, 1 лажица чили во нишки, 1 лажичка сол, 150 г путер
  • Завиткајте го тестото во фолија и ставете го во фрижидер да отстои 1-2часа.
  • Во меѓувреме измијте го празот, исечкајте го и оставете го да се исцеди.
    500 г праз
  • Пропржете го празот околу 10 минути во голема тава воко ја ќе додате две лажици маслиново масло, посипете го со сол и зачинете го по вкус.
  • Оставете го настрана да се олади.
  • Загрејте ја рерната на 200°C (со вентилација 180°C).
  • Извадете го тестото од фрижидер и измесете го уште еднаш.
  • Ставете го тестото помеѓу две хартии за печење и со помош на сукало расукајте го во форма на круг со дијаметар од околу 40 см и дебелина од 5 мм. Избоцкајте го тестото со вилушка на повеќе места за да може рамномерно да нарасне додека се пече.
  • Распоредете ја павлаката рамномерно и притоа оставете еден празен дел на рабовите од околу 5 см.
    80 г кисела павлака
  • Изладениот праз распоредете го врз павлаката.
  • Исечете го сирењето на мали коцки.
    70 г сирење
  • Измијте и преполовете ги доматите.
    4 шери домати
  • Распоредете го сирењето рамномерно врз галетата. Ставете ги доматите врз празот и сирењето, така што исечената страна ќе биде свртена нагоре. Посипете ги доматите со солта со зачини.
  • На крај превиткајте го празниот раб од галетата. Со четка премачкајте ги преклопените рабoви со остатокот од маслиновото масло.
  • Ставете ја галетата во загреана рерна и печете ја околу 30 минути.
  • Кога галетата ќе добие златно-кафена боја, извадете ја од рерна и оставете ја малку да се излади. Галетата има одличен вкус и кога е топла и кога е ладна.
    Galeta so praz i sirenje-Serviranje-bellakujna
Јадење Солени печива
Потекло Германија, Франција

Информации за исхрана

Калории: 1406.8kcal | Јаглехидрати: 99.5g | Протеини: 49.7g | Масти: 99.1g
Дали сте го пробале рецептот?Споменете го @bellakujna или користете го хаштагот #bellakujna!

На семејството ќе му сервирате галета направена со тесто меко како душа, со суптилна нота на чили, подзачинет праз и ароматично сирење.

Galeta so praz i sirenje-Rezept idei-bellakujna

Добар апетит и забавувајте се испробувајќи го овој рецепт!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

  1. Mини пици сo Оризoви вафли
  2. Кромид торта co брашно oд цвекло
  3. Потпечен стар леб во стил на Пица
  4. Њоки со пржена тиква
  5. Ќофтиња со соленки

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.