Веганско или посно јадење со одличен вкус.
Има денови кога навистина сте без идеја и не знаете што да му зготвите на Вашето семејство. Ако ги прашате што сакаат најчесто одговорите ќе бидат не знам или шпагети со сос болоњезе, ќофтиња, колбаси со помфрит зачинети со кари и сл. Речиси секогаш истата приказна.
Затоа или ќе размисувате и понатаму или пак ќе го отворите фрижидерот да видете што има во него. Ете и јас баш така направив и сосема „случајно“ открив дека имам брокула во фрижидерот. Во мојата кујна секогаш имам моркови и пиперки и лека полека денешниот рецепт почна да добива форма. Меѓутоа пред да Ви го претставам рецептот, дозволете ми да Ви споменам уште неколку важни информации во врска со брокулата.
Брокула
Брокулата спаѓа во семејството зелки и најмногу се одгледува во европските медитерански земји. Освен главата т.е. соцветието може да се јадат и стеблото и лисјата. Без оглед на тоа кој дел од брокулата го јадете, сите делови содржат здрави состојки и затоа со право на брокулата го носи епитетот „супер храна“.
Брокулата содржи голема количина на хранливи состојки. Тука спаѓаат комплекси на Б-витамини, како и витамин Ц, Е и К. Покрај тоа таа содржи и многу минерали и фитохемикалии со силно антиоксидативно дејство.
Ако се сумираат сите благодети од брокулата, може да се констатира следното:
- Брокулата штити од рак
- Го зајакнува срцето
- Ја поттикнува здравата бременост
- Допринесува за поубава кожа
- Го стимулира процесот на слабеење
- Го подобрува видот
- Придонесува за јакнење на коските
Значи седум добри причини да јадете брокула.
Информации за состојките
За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.
Рецепт
Брокула со пржен зеленчук и сусам
Состојки
Состојки за 2 лица (како главно јадење)
- 500 г брокула
- 1 пиперка (црвена)
- 3 моркови
- 3 лажици билки (исечкани, магдонос, оригано, мајоран)
- ½ лажичка сол
- ½ лажичка бибер (свежо мелен)
- 1 лажичка вегета
- 1 лажица семе од сусам (нелупен)
- 2 лажици маслиново масло
Подготовка
- Измијте ја брокулата и исечете ја на мали парчиња (главички). Доколку е потребно излупете ги стебленцата и исечете ги на тенки парченца.500 г брокула
- Излупете ги морковите и исечете ги на тенки парчиња.3 моркови
- Измијте ја пиперката, преполовете ја, отстранете ги семките и исечете ја на долгнавести парчиња.1 пиперка
- Измијте ги билките и исечкајте ги ситно.3 лажици билки
- Во тава загрејте го маслиновото масло. Додадете ја брокулата и морковите и пропржете ги околу 15 минути.500 г брокула, 2 лажици маслиново масло, 3 моркови
- Потоа додадете ја пиперката и оставете сѐ заедно да се пропржи уште 5 минути.
- Додадете го сусамот и пржете го заедно со зеленчукот уште 5 минути.1 лажица семе од сусам
- Зачинете со сол, бибер и вегета.½ лажичка сол, 1 лажичка вегета, ½ лажичка бибер
- На крајот додајте ги билките, промешајте и пробајте.3 лажици билки
- Tргнете ја тавата од оган, декорирајте и послужете.
Информации за исхрана
На семејството ќе му сервирате јадење или пак гарнир што има одличен и нота на пржени ароми, а воедно изобилува со хранливи материи.
Уживајте при готвењето и добар апетит!
Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:
- Тортелини на медитерански начин
- Намаз од модар патлиџан
- Полнети пиперки со булгур
- Њоки со пржена тиква
- Ќофтиња со соленки
Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.
Оставете Одговор