Вегетаријанскa торта со кромид, што изгледа одлично и има неверојатен вкус.
Торта со кромид е солен колач и името го добил благодарение на неговиот фил – кромидот. Особено на есен, кога се одржуваат многубројни фестивали на вино во германските лозарски региони меѓудругото се нуди и колачот од кромид, којшто е доста популарен.
Во Елзас, Швајцарија и Германија постојат различни варијации на популарниот колач со кромид. Тестото обично се прави или со квасец или пак основата му е сипкаво тесто за колач. Разлики има и во филот, како на пример, дали се подготвува со свеж или пржен кромид. Значи по нешто за сечиј вкус.
Kромид
Инаку кромидот е прогласен за лековито растение на годината во 2015 и тоа секако дека не беше случајно. Кромидот се одгледува повеќе од 5000 години, тој е еден од најпопуларните видови зеленчук ширум светот и се користи и како лековито растение. Баш затоа и не е тајна дека кромидот не е популарен само во кујната, туку и во природната медицина. Антиоксидансите што ги содржи кромидот ги „ловат” штетните слободни радикали и ги неутрализираат. Во црвениот кромид има двојно повеќе „ловци” на слободни радикали отколку во неговиот жолт „брат”. Да не должам премногу, сакам само уште да резимирам, кои се најважните својства на кромидот:
- Фруктаните во кромидот активно учествуваат во борбата против вирусот на грип.
- Кромидот е богат со хранливи матери.
- Кромидот е разредувач на крвта и штити од срцев удар.
- Кромидот го намалува нивото на холестерол.
- Кромидот го намалува ризикот од рак.
- Кромидот помага во контролирањето на глукозата во крвта, што е од особена важност за дијабетичарите.
Во народната медицина, кромидот често се користи при настинка и кашлање.
За да одговара со црвениот кромид за денешниот рецепт користев црвено брашно. Се работи за пченично брашно тип 550, што содржи прав од цвекло. Раководејќи се според мотото „Внесете боја во кујната“, правот од цвекло е додаден во пченичното брашно 550 како пигмент. Бидејќи брашната добиени исклучиво од зеленчук или пак од јаткасти плодови не се погодни за готвење и печење, заради тоа што тешко се врзуваат, соодветниот прав само му се додава на пченичното или на брашното од
спелт или пира (Спелт или пира е вид жито од родот пченица и близок роднина на денешната обична пченица). Бидејќи правот од цвекло потекнува од вистинско цвекло и е само внимателно исушен, тој сè уште ги содржи здравите состојки, коишто на тој начин му стојат на располагање на организмот. Покрај тоа со додавањето на прав од цвекло, се заштедуваат и одреден број на јаглехидрати.
Информации за состојките
За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.
Рецепт
Кромид торта co брашно oд цвекло
Состојки
За тестото
- 250 г пченично брашно со прав од цвекло (може и нормално брашно)
- 150 мл млеко (масленост 1,5% мрснина)
- ½ пакетка сув квасец
- ¼ лажичка сол
- ½ лажичка шеќер
- 4 маслиново масло
За филот
- 600 г црвен кромид (може и бел)
- 2 маслиново масло
- 1 лажичка сол
- ½ лажичка бибер
За преливот
- 3 јајца (големина М)
- 150 г кисела павлака
- 150 г кашкавал (рендан)
- ½ лажичка сол
- ½ лажичка бибер
- 1 лажичка вегета
- 3 лажици магдонос (исечкан)
За топингот
- 30 г кашкавал (рендан)
- 2-3 лажици семки од сончоглед
Подготовка
- Ставете го брашното во сад, додадете квасец, сол и шеќер и измешајте сè заедно.250 г пченично брашно со прав од цвекло, ¼ лажичка сол, ½ лажичка шеќер, ½ пакетка сув квасец
- Во сад за матење сипете го маслиновото масло и млекото.150 мл млеко, 4 маслиново масло
- Во садот за матење додадете ја смесата со брашно и со помош на машина за месење или пак (рачно) замесете го тестото. (Месете сѐ додека не добиете хомогено тесто).
- Покријте го тестото и оставете го 30 минути на топло, за да нарасне.
- Излупете го кромидот и исечете го на подебелки резниња.600 г црвен кромид
- Во големо тавче сипете маслиново масло, додадете го кромидот и пропржете го. Кога кромидот ќе стане стаклест, зачинете го со сол и бибер и оставете го да се олади.600 г црвен кромид, 2 маслиново масло, 1 лажичка сол, ½ лажичка бибер
- Измијте го магдоносот и исечкајте го.3 лажици магдонос
- За преливот, ставете ги јајцата, павлаката, солта и биберот, како и вегетата во длабок сад и мешајте со жица за матење сѐ додека не добиете глатка смеса.½ лажичка бибер, 3 јајца, 150 г кисела павлака, ½ лажичка сол, 1 лажичка вегета
- Додадете кашкавал (150 гр.) и промешајте.150 г кашкавал
- На крај, додадете го магдaносот.
- Загрејте ја рерната на 200°C (со вентилација на 180°C).
- Во меѓувреме тестото со прекрасна црвена боја веќе нараснало. Извадете го од садот, повторно размесете го накратко на набрашнета работна маса и обликувајте го во форма на топка.
- Со сукало расукајте го тестото сѐ додека не добиете тркалезна форма со дијаметар од 32 см.
- Ставете го тестото во подмачкана тава, така што страните ќе ги притиснете нагоре и притоа внимавајте да не се создадат воздушни меурчиња. Неколку пати избоцкајте го дното со вилушка.
- Исипете го филот врз тестото.
- Рамномерно распределете го кромидот.
- На крај, како топинг врз кромидот распоредете 30 г кашкавал и семки од сончоглед.30 г кашкавал, 2-3 лажици семки од сончоглед
- Ставете го плехот да се пече 35 минути во загреана рерна.
- Кога тортата е испеченa, извадете ja од рерна и оставете ja малку да се олади. Исечете ja на рамномерни парчиња, декорирајте и послужете ja кога ќе биде млакa, по можност со чаша шира (вино). тортата од кромид е највкуснa кога е млакa, а впрочем и нема да може да се олади, бидејќи до тогаш веќе ќе ja снема 😉
Забелешка
Информации за исхрана
На семејството и на Вашите гости ќе им сервирате вегетаријанскa торта со кромид со одличен вкус и уникатен изглед.
Уживајте при готвењето и добар апетит!
Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:
- Галета со праз и сирење
- Потпечен стар леб во стил на Пица
- Mини пици сo Оризoви вафли
- Потпечени тиквички со фил од шпагети
- Ќофтиња со соленки
Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.
Оставете Одговор