Go Back
–+ servings

Кромид торта co брашно oд цвекло

Црвеното тесто меко како душа преставува одлична подлога за вкусниот фил од кромид, збогатен со кашкавал и семки од сончоглед, што му даваат крцкава нота и го надополнуваат и онака одличниот вкус.
Сподели
Припрема 35 minutes
Печење 35 minutes
Вкупно 1 hour 10 minutes
Порции: 8 Порции
Јадење: Солена Торта
Потекло: Германија
Калории: 378.8kcal

Состојки
  

За тестото
  • 250 г пченично брашно со прав од цвекло (може и нормално брашно)
  • 150 мл млеко (масленост 1,5% мрснина)
  • ½ пакетка сув квасец
  • ¼ лажичка сол
  • ½ лажичка шеќер
  • 4 маслиново масло
За филот
  • 600 г црвен кромид (може и бел)
  • 2 маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка бибер
За преливот
  • 3 јајца (големина М)
  • 150 г кисела павлака
  • 150 г кашкавал (рендан)
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка бибер
  • 1 лажичка вегета
  • 3 лажици магдонос (исечкан)
За топингот
  • 30 г кашкавал (рендан)
  • 2-3 лажици семки од сончоглед

Подготовка
 

  1. Ставете го брашното во сад, додадете квасец, сол и шеќер и измешајте сè заедно.
    250 г пченично брашно со прав од цвекло, ¼ лажичка сол, ½ лажичка шеќер, ½ пакетка сув квасец
  2. Во сад за матење сипете го маслиновото масло и млекото.
    150 мл млеко, 4 маслиново масло
  3. Во садот за матење додадете ја смесата со брашно и со помош на машина за месење или пак (рачно) замесете го тестото. (Месете сѐ додека не добиете хомогено тесто).
  4. Покријте го тестото и оставете го 30 минути на топло, за да нарасне.
  5. Излупете го кромидот и исечете го на подебелки резниња.
    600 г црвен кромид
  6. Во големо тавче сипете маслиново масло, додадете го кромидот и пропржете го. Кога кромидот ќе стане стаклест, зачинете го со сол и бибер и оставете го да се олади.
    600 г црвен кромид, 2 маслиново масло, 1 лажичка сол, ½ лажичка бибер
  7. Измијте го магдоносот и исечкајте го.
    3 лажици магдонос
  8. За преливот, ставете ги јајцата, павлаката, солта и биберот, како и вегетата во длабок сад и мешајте со жица за матење сѐ додека не добиете глатка смеса.
    ½ лажичка бибер, 3 јајца, 150 г кисела павлака, ½ лажичка сол, 1 лажичка вегета
  9. Додадете кашкавал (150 гр.) и промешајте.
    150 г кашкавал
  10. На крај, додадете го магдaносот.
  11. Загрејте ја рерната на 200°C (со вентилација на 180°C).
  12. Во меѓувреме тестото со прекрасна црвена боја веќе нараснало. Извадете го од садот, повторно размесете го накратко на набрашнета работна маса и обликувајте го во форма на топка.
  13. Со сукало расукајте го тестото сѐ додека не добиете тркалезна форма со дијаметар од 32 см.
  14. Ставете го тестото во подмачкана тава, така што страните ќе ги притиснете нагоре и притоа внимавајте да не се создадат воздушни меурчиња. Неколку пати избоцкајте го дното со вилушка.
  15. Исипете го филот врз тестото.
  16. Рамномерно распределете го кромидот.
  17. На крај, како топинг врз кромидот распоредете 30 г кашкавал и семки од сончоглед.
    30 г кашкавал, 2-3 лажици семки од сончоглед
  18. Ставете го плехот да се пече 35 минути во загреана рерна.
  19. Кога тортата е испеченa, извадете ja од рерна и оставете ja малку да се олади. Исечете ja на рамномерни парчиња, декорирајте и послужете ja кога ќе биде млакa, по можност со чаша шира (вино). тортата од кромид е највкуснa кога е млакa, а впрочем и нема да може да се олади, бидејќи до тогаш веќе ќе ja снема ;-)

Нутриент

Нутритивни факти
Кромид торта co брашно oд цвекло
Количина по порција
Калории
378.8
% Дневна вредност*
Масти
 
22.3
g
34
%
Јаглехидрати
 
29.4
g
10
%
Протеини
 
13.7
g
27
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Забелешка

Брашното од цвекло може да го замените со нормално брашно или да додадете црвена боја за храна, исто така можете да го обоeте и со сок од цвекло.

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!