Банички со печурки на грил тостер

Banicki so pecurki na gril toster-Recept-bellakujna

Прекрасен и здрав фил во крцкава обвивка.

Дали сакате да го изненадите вашето семејство или гости? За да ги изненадете со нешто ново и нешто многу вкусно, задолжително прочитајте. Пред да дојдеме до рецептот, како и секогаш, дозволете ми неколку реченици за состојките.

Banicki so pecurki na gril toster-Glavno jadenje-bellakujna

Печурките се здрави

Печурките не се само лесни и вкусни, туку и многу здрава храна. На пример, печурките содржат витамини Д, Б2, биотин и ниацин во релевантни количини и минерали калиум, железо, бакар, селен и фосфор. И целата работа е достапна за само 15 kcal на 100 грама печурки.

Кромид – лут и здрав

Кромидот не само што содржи многу вкус, туку и многу важни хранливи материи како што се калиум, витамин Ц и витамини од групата Б. Кромидот содржи и многу антиоксиданси кои можат да штитат од одредени видови на рак, дијабетес и срцеви заболувања.

Banicki so pecurki na gril toster-Recept idei-bellakujna

Сусам – мал, но моќен

Сусамот содржи многу железо што формира крв и калциум кој ги зајакнува коските, како и микроелементот селен, кој го зајакнува нашиот имунолошки систем и ги штити клеточните мембрани. Никотинската киселина или ниацин, порано познат како витамин Б3, е важна за регенерација на кожата, мускулите, нервите и ДНК.

Но, кога станува збор за сусамот, би сакала да ви препорачам уште два прекрасени рецепти: Хамбургер лепчиња со сусам и Плескавици од брокула на грил тостер.

Готови кори

Јадењата со кори се често посакувани во моето семејство и подетално ги опишав во рецептот: Ролнички со спанаќ и бел грав. Така денес директно на рецептот.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот.

Рецепт 


Banicki so pecurki na gril toster-Recept-bellakujna

Банички со печурки на грил тостер

Прекрасен и здрав фил во крцкаво пакување со одличен вкус и многу здрави состојки.
Сподели
Припрема 30 minutes
Печење 5 minutes
Вкупно 35 minutes
Порции: 10 Порции
Јадење: Солени печива
Потекло: Германија, Македонија
Калории: 344.1kcal

Состојки
  

Состојки за 10 банички
  • 2 паковања кори за пита (20 кори 30×31 цм)
  • 500 гр печурки (шампињони)
  • 3 главици кромид (мали)
  • 3 чешниња лук
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка бибер (свежо мелен)
  • 1 лажичка вегета
  • 3 лажици сусам
  • 3 лажици билки (сецкани и свежи, оригано, мајоран, мајчина душица, магдонос-алтернативно суви билки)
  • 3 лажици маслиново масло
  • 200 гр маргарин (путер)

Подготовка
 

  1. Исчеткајте ги печурките и исечете ги на мали парченца.
    500 гр печурки
  2. Излупете ги кромидот и лукот и исто така исечкајте ги на мали парчиња.
    3 главици кромид, 3 чешниња лук
  3. Во тава со малку маслиново масло пропржете ги печурките во серии. Пржете во 2-3 серии за да не пуштат многу вода. Пржените печурки тргнете ги на страна.
  4. Потоа додадете една лажица масло и кромид во тавата и пропржете. Кога кромидот ќе стане прозирен, додадете го лукот и продолжете со пржење.
  5. Додадете ги печурките и промешајте.
  6. Зачинете со сол, бибер и вегета. Додадете ги билките, измешајте, пробајте и оставете да се изладат.
    ½ лажичка сол, 1 лажичка бибер, 1 лажичка вегета, 3 лажици билки
  7. Растопете го маргаринот, во микробранова печка или во мало тенџере на многу тивок оган.
    200 гр маргарин
  8. Одвиткајте ги готовите кори и ставете една кора на работната маса. Намачкајте ја кората со маргарин и посипете со малку сусам. Одозгора ставете ја втората кора, премачкајте ја и неа со маргарин и посипете со сусам.
    3 лажици сусам
  9. Во средината на долната третина од корите ставете една десетина од филот со печурки.
  10. Преклопете ја кората преку филот одоздола. Филот треба само да биде покриен.
  11. Потоа преклопете го левиот раб од кората надесно преку филот и преклопете го десниот раб налево. Сега има тесен појас од кора пред вас, едноставно завиткајте ја. Готовото пакетче/баничка треба да биде пред вас откако ќе го свиткате 3 пати. Готовата баничка тргнете ја на страна.
  12. Сега направете го истото со останатите кори и на крајот имате 10 готови банички.
  13. Грил тостерот загрејте го на највисоко ниво.
  14. Долниот дел од баничките, односно страната со спојот, премачкајте ги со маргарин/путер.
  15. Ставете ја оваа страна надолу на тостерот. Намачкајте ја со маргарин и горната страна, па затворете го тостерот.
  16. Печете ги баничките околу 5 минути. Времето зависи од перформансите/јачината на тостерот.
  17. Кога пакетчињата со филот ќе добијат убава златно-кафеава боја, извадете ги од тостерот, наредете ги и послужете.
    Banicki so pecurki na gril toster-Serviranje-bellakujna

Нутриент

Нутритивни факти
Банички со печурки на грил тостер
Количина по порција
Калории
344.1
% Дневна вредност*
Масти
 
19.6
g
30
%
Јаглехидрати
 
32.6
g
11
%
Протеини
 
7.6
g
15
%
* Процентуални дневни вредности на хранливи материи на просечен возрасен (8400 kj/2000 kcal) според Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011.

Video

Забелешка

  1. За мачкањето на корите со маргарин или путер; при печењето не се лепат и тестото има поголем волумен. Патем, тука е и финиот вкус на маргаринот/путерот бесплатно.
  2. Ако ги премачкате со маргарин, ќе добиете посни банички, но со користење на путер ќе добиете вегетаријански банички.
  3. Зошто многу често користам свежи билки? Прво затоа што ми растат на балконот или прозорецот, второ затоа што се од регионот и што е најважно: здрави се! Билките се богати со антиоксиданси, тоа е она што ги прави толку здрави. Одделни компоненти на есенцијалните масла делуваат против габи, бактерии, вируси и се мултиотпорни на бактерии. Боите ги штитат нашите клетки и можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести и рак. Генијалниот вкус на многу билки е вклучен бесплатно!

Нашиот Инстаграм

Заследете @bellakujna!

Вие им служите на семејството и гостите една прекрасна закуска или одличен вегански/посен главен оброк со нежен вкус и многу здрави состојки.

Banicki so pecurki na gril toster-Vegetarijansko-bellakujna

Добар апетит и забавувајте се испробувајќи го овој рецепт!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам уште соодветни идеи на рецепти за вас:

  1. Пакетчиња од готови кори со спанаќ и ориз
  2. Виршли во тесто за пица
  3.  Виршли во тесто за пица
  4. Штрудла од тиква, јаболка и брусница
  5. Галета со праз и сирење

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.