Тортелини на медитерански начин

Брзо и лесно јадење со извонреден вкус и „божествен“ изглед.

Според една легенда, Венера, божицата на љубовта во римската митологија, дошла во една таверна во Болоња. Останува непознато, дали сакала таму да се сретне со Јупитер и дали сопственикот организирал фестивал во нејзина чест. Сепак според истата легенда, готвачот низ клучалката од нејзината собата успеал да ѝ го види папокот, па импресиониран од нејзината убавина, ги создал тортелините во нејзина чест.

Тортелини

Толку од информациите од Википедија во врска со потеклото на тортелините; а дали во оваа убава приказна има вистина, останува отворено. Сепак едно нешто е неспорно, а тоа е потеклото на тортелините. Тие со сигурност потекнуваат од Болоња. Тортелини се тестенини со тркалезна форма што се полнети со фил – слично како и равиолите. Традиционалниот фил се состои од свинско месо, шунка Парма, мортадела, пармезан, јајца и морско оревче, а инаку тортелините се служат во пилешки буљон.

Денес „божествените„ тортелини може да се сретнат и со многу други филови. Во секој случај апсолутно неопходно е да се биде вешт при подготовка на тортелините и тоа е она што обесхрабрува многумина да се одлучат на тој чекор и самите да направат тортелини. За среќа денес може да се најдат одредени конвенционални производи со добар квалитет, што можат да се искористат без размислување, а притоа човек да не мора да се мачи сам да прави тортелини.

За денешниот рецепт и јас користев готови тортелини, затоа што сакав да Ви претставам едно брзо јадење. За жал нашиот динамичен стил на живеење допринесува сѐ помалку луѓе да имаат време или пак да се во состојба да конзумираат здрав и лично зготвен оброк секој ден. Од таа причина повремено мора да се искористи и некое готово или полуготово јадење.

Денес сакам да Ви покажам како да подготвите вкусно и здраво јадење за Вашите најблиски со само малку труд и мала доза на „божествена помош„ дури и кога немате многу време или пак немате голема желба да готвите.

Информации за состојките

За подготовка на моите рецепти се обидувам да користам органски производи што е можно повеќе во моментот. 

Рецепт


Тортелини на медитерански начин

Тортелини на медитерански начин, божествено јадење со одличен вкус направено од фини тестенини и крцкав зеленчук.
Припрема 30 minutes
Вкупно 30 minutes
Порции 2 Порции
Калории за 1 Порција 799.7

Состојки
  

  • 250 г тортелини (со фил од домати и моцарела)
  • 1 црвена пиперка
  • 1 жолта пиперка
  • 2 главици кромид (црвен и по можност помал)
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка вегета
  • 1 лажичка бибер (свежо мелен)
  • ½ лажичка сол
  • 4 лажици маслиново масло
  • ½ китка магдонос (15 гр)
  • 500 мл вода (зовриена)

Подготовка
 

  • Ставете ги тортелините во тенџере со топла вода и оставете ги нека се варат во согласност со упатствата на пакувањето.
    250 г тортелини, 500 мл вода
  • Измијте ги двете пиперки, отстранете ги семките, исечете ги најпрвин на четвртинки а потоа на тенки ленти.
    1 црвена пиперка, 1 жолта пиперка
  • Излупете го кромидот, исечете го на половина и исечете го на потенки полупрстени.
    2 главици кромид
  • Излупете го лукот и исечкајте го на ситни парчиња.
    2 чешниња лук
  • Измијте го магдоносот и грубо исечкајте го.
    ½ китка магдонос
  • На кратко пропржете ги пиперките во тава со маслиново масло.
  • Додадете ги прстените кромид и продолжете со пржењето.
  • Кога кромидот ќе стане стаклест, додадете го лукот и пропржете го кратко.
  • Додадете ги тортелините (претходно исцедени) и измешајте сѐ заедно. Тортелините можат слободно да попримат малку боја.
  • Додајте ги зачините, измешајте и пробајте.
    1 лажичка вегета, ½ лажичка сол, 1 лажичка бибер
  • На крај додате го сечканиот магдонос и промешајте.
  • Сервирајте и послужете ги вкусните тортелини.

Забелешка

Тестенините како што се на пример тортелини и други слични тестенини секогаш ги варам во малку вода и тоа од три причини: најпрвин бидејќи на тој начин трошам помалку вода, како второ се троши и помалку енергија и трето – така се зачувуваат повеќе хранливи материи.
Јадење Главни Јадења, Прилози
Потекло Медитеранско

Информации за исхрана

Калории: 799.7kcal | Јаглехидрати: 105.8g | Протеини: 19.8g | Масти: 29.9g
Дали сте го пробале рецептот?Споменете го @bellakujna или користете го хаштагот #bellakujna!

На семејството ќе му сервирате „божествено“ јадење со исклучителен вкус.

Уживајте при готвењето и добар апетит!

Ако ви се допадна мојот рецепт, имам соодветни рецепт идеи за вас:

  1. Потпечени тиквички со фил од шпагети
  2. Макарони-Јуфки со сос од тиква и лук
  3. Полнети пиперки со бел грав
  4. Брокула со пржен зеленчук и сусам
  5. Њоки со пржена тиква

Пријатен ден ви посакува Бела Кујна.